Нема да има Volkswagen Polo R

Во Volkswagen ја прошируваат понудата на R моделите, но помеѓу нив нема да се најде и малиот градски автомобил Polo…

Минатата година Volkswagen лансираше T-Roc R, а пред еден месец дебитираше и Touareg R. Сега стасуваат и информации и дури дека ID семејството на Volkswagen ќе добие своја R верзија треба да биде патничка (цивилна) верзија на мошне успешниот ID.R електричен тркачки автомобил.

Следниот R е речиси пред премиерата, а тоа е најперформанс изведбата на новиот Golf 8 што од Волфсбург го нарекоа „ултимативна возачка машина”, но тој модел ќе биде и најмал во R семејството, со оглед на тоа дека нема да има Polo R.

„Polo R не би успеал. Кога ќе видиме што се клиентите имаат во понудата, интересот постои, но би бил премногу мал. Од друга страна, трошоците би биле преголеми”, изјави шефот на VW R одделот Јост Капито.

Побарувачката е главниот двигател за брендот да воведе нов модел во понудата, а со оглед на тоа дека во Volkswagen не сметаат дека Polo R би бил успешен на пазарот, поради тоа воопшто нема да трошат време во неговиот развој.

Инаку, шепотењата во инсајдерските кругови за евентуално Polо R се шират уште од 2014 година кога од Volkswagen истакнаа дека нема да има таков модел, но во 2017 година се појави извештај во кој е наведено дека Polo R со 300 КС е во  фаза на тестирање.

Ентузијастите почнаа да се надеваат дека ќе го видат малиот моќен хечбек, меѓутоа, последната изјава на Капито јасна потврди дека Polo R нема да се најде во понудата на германскиот производител.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС