Сопственикот на електричниот Porsche обиде да го паркира Taycan, а потоа сè тргна наопаку…
Сопственикот на овој Taycan ги доживеа сите „привлечности“ на погонот на електричен мотор на неговата кожа.
И најочигледна е работната крива на електричниот погон, според која возачот има максимален вртежен момент достапен практично од самиот почеток.
Тоа значи дека треба да бидете внимателни со педалот за гас, особено кога станува збор за електрични ѕверови со јачина од 500 или повеќе „коњи“, или со над 600 Nm достапни од самиот почеток.
Едно американско списание нè потсетува на приказната од Top Gear која раскажува како коњите кажуваат колку брзо ќе удрите во ѕид, а вртежниот момент колку далеку ќе го однесете истиот ѕид со вас.
А, тоа најдобро го покажува видеото подолу, каде ништо не можеше да го спречи Taycan во неговиот поход. Тој го помести црниот автомобил настрана, а потоа и синиот си го доби своето.
Не е познато што ја предизвикало несреќата и дали возачот случајно стиснал погрешен педал.
Кој знае, можеби во страв постојано го држеле гасот прилепен до подот и се обидувал да се спаси со вртење на воланот, што е една од вообичаените панични реакции.