NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS

Од  National Electric Vehicle Sweden (NEVS), деновиве,  понудија нова визија за електрична автономна мобилност наречена PONS и сметаат дека тоа е иднината на мобилноста во одржливите и паметни градови…

Имено, PONS ја означува првата генерација на NEVS автономните возила со конектиран кориснички интерфејс, за кој компанијата верува дека може да биде решение за мобилност во паметни и одржливи градови.

Според NEVS, кој е во сопственост на Evegrande Group од Кина, во моментов постојат 1,3 милијарди автомобили во светот, но тие се користат само пет проценти од времето.

Компанијата верува дека автомобилите треба да се користат поефикасно, а еден од начините да се направи тоа е преку широкото прифаќање на автономните возила.

„Стигнувањето од точка А до точка Б со само – возечки електричен автомобил не делува така далечно како што автомобилската индустрија имплицира. Ерата на еден човек по автомобил и ерата на поседување автомобил, наскоро ќе биде минато, велат тие.

Нова ера пристигнува, каде што автомобилите ќе бидат прилагодени за градска мобилност и кон подобар квалитет на животот за индивидуалците“, вели Ана Хаупт, потпретседател во NEVS.

Во центарот на PONS екосистемот на NEVS се наоѓа Sango самовозечка креациа на тркала, подготвена да биде интегрирана со било каков само возечки софтверски систем, што е достапен.

За лансирањето во Шведска, NEVS потпиша партнерство со AutoX, водечка компанија за L4 технологија за автономно возење базирана во Силиконската Долина во Калифорнија, како и Шенжен, кој ќе го снабдува Sango со својот AI Driver.

Sango најави дека набргу 10 со возила ќе крстосува низ сообраќајниците во Стокхолм

За да биде адекватен за споделување и заедничко користење, Sango содржи флексибилен ентериер што пресретнува различни потреби при патувањата со три поставувања – private, social и family.

Зависно од избраното поставување, во возилото можат да патуваат до шест лица.

Инаку, Sango има шест подвижни седишта поставени во три реда и е опремен со ѕидови за приватност кои можат да се подигнат и да се спуштат.

Кога се кренати кабината е поделена на четири помали простори за приватни патувања за до четири лица.

– Social поставката ги спушта ѕидовите што го разделуваат просторот со цел да им овозможи на четирите лица да патуваат заедно свртени едни кон други.

– Вo Family поставката, до шест лица можат да седат распоредени во три реда и можат комфорно да патуваат заедно.

Покрај Sango возилото, PONS системот за мобилност исто така вклучува и кориснички интерфејс во вид на апликација и систем за менаџирање на флотата за да се следи и оптимизира флотата на возила кои „оперираат“ низ градот.

Следниот чекор за Sango самов озечкото возило е пилот програма во Стокхолм каде што флота на околу 10 „роботски такси  возила“ ќе се користат во јавноста.

Првиот Sango прототип во моментов е тестиран во близина на седиштето на NEVS во Тролхатан, заедно со тестовите за функционалност на PONS мобилниот екосистем.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV