Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Кога знаеме колку се популарни електричните автомобили деновиве во медиумите, мора да признаеме дека е малку чудно што камионите, односно тешките комерцијални возила не можат да се пофалат со идентичен успех на глобалната сцена …

Не дека не се говори и пишува за камионите и автобусите со батерии, особено за камионите пред се за „Теsla Sammy, а минатата недела во Freightliner испишаа историја кога нивните електрични модели eCascadia  покрија приближно половина милион километри, во реални услови на возење, што е и за почит.

Уште едно многу звучно име е компанијата Nikola, со која Теsla во моментов се тужи околу дизајнот на нивните два камиони.

И двете компании целат на големи камиони – шлепери (влекачи), а како што стојат работите сега, компанијата од американската држава Аризона сака да ја прошири својата понуда со помал камион дизајниран да ја изврши задачата за собирање ѓубре (смет), врз основа на која целата категорија на овие камиони го доби името „сметлари“

Како што објави Nikola на својата страница, компанијата Republic Services  нарачала 2.500 примероци, а истата компанија е втор по големина собирач на смет во Америка, а исто така е во деловна активност за рециклирање на собраниот отпад.

Таква голема компанија работи во многу американски градови каде потрошувачката на гориво е исклучително важна за нив, а постарите генерации на дизел камиони се покажаа како крајно неефикасни.

Не е познато до кога Nikola ќе треба да ги испорача возилата, а според некои приказни, тоа најверојатно ќе се случи до 2023 година.

Доколку Republic Services  се задоволни од новите камиони и штедната сметка се покаже како добра- о позитива, компанијата има намера да ја удвои нарачката.

Некои медиуми од другата страна на Големата барa пишуваат дека новиот „човек со ѓубре“ ќе развие околу 1.000 коњски сили и ќе може да покрие околу 240 километри со едно полнење на батеријата, што е повеќе од доволно за секојдневна работа.

Во официјалното обраќање до медиумите, првиот човек на Никол, Марк Расел, вели дека оваа нарачка е посебна и од друга причина, а тоа е фактот дека за прв пат во историјата, ваквиот „камион за смет“ ќе пристигне од само една компанија.

Во минатото, компании како што се Republic Services  купувале шасија, кабина и приколка од еден производител и потоа ја надградувале приколката од други компании.

Производот на Nikolа овој пат ќе ја заврши комплетно целата работа, така што сопствениците сега веќе не мора да се грижат за гаранцијата од различни компании

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Mercedes-Benz S Class како караван

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid