Кинеската Nio ќе ја отвори својата прва европска фабрика во септември, и иако нема да произведува автомобили, ќе игра важна улога во тековното проширување на компанијата…
Фабриката Nio Power Europe се наоѓа во Пешта, Унгарија и ќе биде со големина од приближно 10.000 квадратни метри. Тој погон ќе биде одговорен за производството и услугите по продажбата на напредните станици за замена на батерии на производителот на автомобили. Ќе се занимава и со обука за енергетски операции во Европа и истражување и развој на нови енергетски производи.
Кинескиот производител на автомобили планира да ја забрза изградбата на станици за размена на батерии низ Европа, особено во Германија, Шведска, Холандија и Данска до втората половина на оваа 2022 година.
Nio неодамна објави партнерство со Shell за глобален развој на станици за размена на батерии, особено низ Кина и Европа. Партнерството исто така ќе ја отвори европската мрежа на Shell за полнење на возилата Nio.
Од Nio информираа дека на крајот сакаТ да работат со 4.000 станици за размена на батерии ширум светот, од кои околу една четвртина ќе бидат надвор од Кина, пишува Reuters.