Nissan Altima AWD нема гајле од зима со длабок снег и мраз!

Застапништвото на компанијата Nissan во Канада иницира интересен проект, со цел да го привлече интересот на јавноста кон новата верзија на моделот Altima со погон на сите четири тркала…

Имeно, во соработка со компанијата Motorsports In Action (MIA), е претставена специјалната варијанта на Altimа AWD за која високите снежните навеви не претставуваат никаква пречка.

Причината е видлива веќе на прв поглед бидејќи оваа изведба на Altima, наместо тркала, има гасеници како ратрак.

За гасениците со должина од 1220 mm и ширина од 380 mm да можат да се сместат под автомобилот  каросеријата е проширена за 180 mm (проширени се калниците заедно со месечините).

Под хаубата е имплементиран 2.5 литарски бензинец, со четири цилиндри и моќност од 184 KS и 241 Nm максимален вртежем момент.

Но подобро од текстот за ова „снежно возило“ говори видео записот и затоа ви препоралуваме да го погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Citroen најави нов електричен автомобил

Изберете име за некои од новите модели на Lada!!!

Новата Hyundai Sonata има дигитален (паметен) клуч!

Genesis планира сериско производство на електричното купе!

Nikola со off road возила, воден скутер…!?

Hyundai со нов crossover Cretan во Шангај 2019

Volvo XC60 со Plastics Recycling Awards Europe

ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Во Bentley подготвуваат поголем SUV