Nissan e-4ORCE: нова twin motor all-wheel-control технологија

Деновиве на саемот за електроника од широка потрошувачка CES во Лас Вегас Nissan покажа како ги зголемува перформансите на електричните возила со новата twin-motor all-wheel-control технологија, кусо наречена „e-4ORCE“…

Како што пишуваат специјализираните портали, технологијата овозможува  вртежен момент на сите четири тркала, со што е постигнува балансирана, предвидлива сила и управливост ,споредено со други, премиум, спортски автомобили.

-„e“ ги претставува технологиите на Nissan што се користат на  100% погонскиот систем на електромоторот.

4ORCE“ се изговара „force“ (сила) и евоцира физичка сила и енергија, а со „4“ означува способност за управување на сите тркала.

„Технологијата e-4ORCE twin-motor all-wheel control нуди прецизно управување и стабилност, што на возачите им дава поголем самодоверба и уште поголема возбуда од кога и да е порано “, изјавил Такао Асами,  повисок потпретседател во Nissan, одговорен за истражување и напреден инженеринг.

„ Таа технологија овозможува исклучителни перформанси во свиоците. влече на лизгав пат и обезбедува удобно возење за сите паници.“

Технологијата е создадена со стекнатото искуство во развој на  Nissan GT-R и неговиот  ATTESA E-TS систем за раздвојување на моментот на вртење и на  Nissan Patrol интелигентниот 4×4 систем.

Инженерите ја развиле e-4ORCE технологијата за посебно да управуваат со електричната енергија и перформансите на кочење и како би возеле по мазно и по стабилно .

Неспоредливата удобност во возењето е резултат на технологијата e-4ORCE што ја минимизира разликата помеѓу највисоката и најниската положба на возилото. Тоа се постигнува со користење на регенеративно кочење со предниот и со задниот мотор, со што градското возење stop-and-go, запирање и поаѓање, се изведува течно и без застои и нагли движења.

Слично е и на грубите нерамни патишта  и при забрзувањата, бидејќи управувањето со моторите е оптимизирано за одржување на удобноста во возењето минимизирајќи ги не правилните движења.

e-4ORCE“ ја зголемува самодовербата ма возачот со верно следење на предвидената линија на возачот благодарение на ултра – прецизното управување на моторите и на сопирачките.

Покрај самодовербата за ракување на така различни патни површини, па дури и за возачите почетници, на лизгави површини, возењето станува попријатно доживување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo го прави поедноставно полнењето на EV

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Jeep Wrangler добива нов титански бензинец од 6,4 литри!

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори