Nissan ги сели европските погони на X Traill во Јапонија!

Компанијата Nissan Motors објави дека следната генерација на моделот X-Trail, наменета за европските потрошувачи, ќе биде произведена во Јапонија

Од 2016 година, Nissan  моделов го составува во комплексот на компанијата во Сандерленд, Велика Британија.

X-Trail се произведува на неколку места во светот и поради таа причина може да има промени поради бизнис опкружувањето“, коментира Хидеоки Сакамото, извршен потпретседател на единицата за производство и управување со лагерот на Nissan.

„Како и обично, Nissan ги користи оптимално глобалните инвестиции во име на своите клиенти“, додава тој, а од Nissan Motor Company велат дека плановите за производство на следните генерации на Juke и Qashqai се непроменети и врзани со фабриката на брендот во Сандерленд.

„Ние ја преземаме оваа одлука од бизнис гледна точка, поради идниот однос меѓу Велика Британија и ЕУ, кој не помага на компании како нашата да ја планираат својата иднина“, коментира Џанлука де Фичи, претседател на Nissan Europe.

Nissan исто така објавија, дека производството во комплексот во Сандерленд вклучува електричен LEAF, најпродаван 100% електричен автомобил во Европа, со склопени 46.989 единици (+ 177%) минатата 2018 година. Надградената верзија LEAF e+, вклучувајќи ја и новата 62 kWh батерија, ќе биде лансирана во наредните месеци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Fiat тивко, без голема помпа подготвува освежување на својата гама

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производството поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS