Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Јапонскиот производител Nissan го претстави специјалното издание на GT-R кое настана во соработка со дизајнерското студио Italdesign што ќе биде достапен во само 50 примероци, при што цената на секој  од нив е околу 1,1 милион американски долари…

Во изминатиот период се појавуваа фотографии од прототипот и официјални рендери од продукцискиот модел, но сега Nissan официјално го претстави вистинскиот изглед на GT-R50 Italdesign.

Ова е автомобилот кој двете компании сакаа да го прикажат на Салонот во Женева, но мораа да најдат aлтрнатива поради светската криза настаната од пандемијата на корона вирусот.

Иако не станува збор за новата генерација на GT-R, сепак ова специјално издание на Nissan GT-R50 Italdesign предизвика огромно внимание кај автомобилските вљубеници.

Под радикално променетата надворешност во најголем дел се наоѓа истиот R35 кој е актуелен од 2007 година, но сега е со целосно нов изглед и неколку дискретни подобрувања во внатрешноста, каде се искористени материјали како карбон, кожа и алкантара, бидејќи сепак станува збор за автомобил кој ќе биде произведен во само 50 примероци.

Италијанскиот дизајн и јапонската механика делуваат како совршен спој. Јасно е дека Nissan GT-R50 Italdesign е целосно поинаков од стандардниот модел. Предницата е целосно изменета со нов браник и светлосна групација на самиот крај на возилото, на покривот се забележува мало вдлабнување на средината, а на задната страна е поставено големо крило, спојлер при што како акцент на впечатливата става се огромните 21-инчни тркала.

Супер спортскиот автомобил со остар изглед со пониско поставен покрив за 54 милиметри во однос на GT-R Nismo на кој е базиран овој модел делува фасцинирачки.

За погон  е оговорен 3,8-литарскиот twin-turbo V6 мотор, кој во ова издание испорачува 710 КС и 780 Nm максимален вртежен момент, а пристигнува во комбинација со шестстепен секвенцијален менувач со двојна спојка.

Поради моќноста на овој мотор, јапонските инженери вградија и далеку поголеми Brembo кочници, додека Bilstein се погрижи за изменетиот систем на потпирање.

Nissan ги отвори нарачките за овој модел уште во декември 2018 година и според нивните информации се уште има слободни примероци. Првиот автомобил ќе пристигне до среќниот сопственик кон крајот на тековната и почетокот на следната година, а цената изнесува „само” 990.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност