Nissan го претстави новиот Z Proto

Иако беше претставен пред една деценија и одамна ги помина своите најдобри години, Nissan 370Z е се уште спортски адут на марката, но часовникот на времето никој не го победеил, па така ниту овој модел, затоа во компанијата пристигнува наследник – нов автомобил Z…

Nissan штотуку го претстави Z Proto пред јавноста, најавувајќи го наследникот на сегашниот спортски модел 370Z.

Претставувањето на автомобилот е проследено со референца: “50 години страст, иновација  се неговата суштина ( срж). Модерна технологија со допир на традиција”.

Како што стојат работите сега, дефинитивниот сериски модел нема многу да се разликува и тој треба да се појави на крајот на следната година.

Како што се најавува Z Proto, новиот Nissan Z (можеби наречен 400Z) ќе има ретро елементи, што значи дека предниот дел има изглед според моделот 240Z, додека задните светла се инспирирани од 300ZX.

Z Proto е прикажан во впечатлива жолта боја (како потсетување на таа што се користи на оригиналниот модел), со 19-инчни алуминиумски тркала, елементи од јаглеродни влакна, издувен систем со две издувни цевки …

Автомобилот е долг 4382 mm, широк 1849 mm и висок 1311 mm, што значи дека е малку подолг, поширок и понизок од 370Z.

Во внатрешноста е предвидена е значителна модернизација (со подобри- поквалитетни  материјали, кожа, Алкантара, жолти шевови, 12,3-инчна дигитална табла со инструменти и модерен информативно-забавен систем).

Во однос на моторизацијата Z Proto под хаубата има V6 twin – turbo агрегат, во комбинација со шест – степен мануелен менувач и погон на задните тркала. Покрај тоа од Nissan најавуваат дека се подготвува автоматски менувач.

Моторот треба да се позајми од Infiniti Q60 Red Sport, што значи дека се очекуваат околу 400кс и 474 Nm.

Во однос на цената, идниот сериски Nissan Z ќе чини околу 40 000 американски долари во основната верзија, на пазарите во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS