Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Од Nissan ја објавија првата информација за верзијата за 2020 година на врвниот спортски GT-R Nismo што заедно со специјалната верзија 50th Anniversary Edition, имаат светскo деби на меѓународниот салон во Њујорк

-Спортистот  GT-R Nismo 2020 ќе еволуира во еден балансиран, но во исто време екстремен, спортски автомобил“, коментира Хироши Тамура, главен специјалист на GT-R.

Потрагата по задоволството на патот е најважната идеја кај GT-R, а со претставувањето на Nissan GT-R Nismo сакаме да покажеме автомобил создаден за патека, но воедмо и за градските улици“.

Главната особеност на GT-R Nismo 2020 продолжува да биде големото количество на карбон употребен во конструкцијата на возилото, потоа покривот, хаубата, багажникот, предниот и задниот спојлер, жабрите над тркалата…

Како резултат на интеграцијата на овие елементи, возилото добило предност од 10.5 kg во вкупната маса.

Апострофирани се и новите 20-инчни алуминиумски тркала обуени во  гуми Dunlop преку кои имаат за  11% повеќе контактна површина со асфалтот.

Погонскиот агрегат на GT-R Nismo 2020 е бензински мотор со турбо полнач, со работен волумен од 3.8- литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, но најинтересното кај истиот е фактот дека овој агрегат е рачно склопен мотор од кој е „исцедена“ максимална моќност од 600 КЅ!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Внатрешноста на VW ID.3 е многу интересна

Bentley прославува 100-ти роденден!

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!