Продолжувајќи да дава возбудливи перформанси на улица и патека, Nissan GT-R од 2023 година сега, на радост на фановите на марката и на спортските автомобили, е на продажба кај дилерите на Nissan во САД со, навистина почетна цена од 113.540 долари…
Моделот GT-R сè уште е достапен во две гарнитури – Premium и NISMO – а и двете покажуваат немилосрден пристап кон возбудата при возењето, со висок наплив на адреналин.
Моделот од 2023 година на иконата помеѓу спортските автомобили – GT-R Premium располага со бензински мотор со работен волумен од 3,8-литри , со DOHC twin-turbo технологија, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што на овој „спортист“ му испорачува респектабилна моќност од ергеле од 565 расни ждребиња и 633 Nm максимален вртежен момент.
Погонската единица е, поврзан со стандарден шест (6) -брзински менувач со двојна спојка а секако ѕука е и систем за погон на сите четири тркала – ATTESA E-TS.
Верзијата GT-R NISMO располага со моќност од 600 тркачки ждребиња и со 652 Nm максимален вртежен момент.
Сето тоа е поткрепено со специјално дотерана NISMO суспензија, елементи од јаглеродни влакна, карбон-керамички сопирачки Brembo и сет на други подобрувања.
Инаку цената за GT-R Premium за 2023 година започнува од 113.540 американски долари, додека пак GT-R NISMO е далеку поскап со почетна цена од 210.740 долари.