Nissan и DOCOMO испитуваат виртуелна технологија во возила со 5G мрежа

На патниците ќе им се придружи 3D „аватарите“ во првото испитување на системот „невидливо во видливо”  на терен

Nissan и NTT DOCOMO го спроведуваат првото испитување на технологијата „невидливо во видливо” на терен, во возило во движење, со помош на мобилната мрежа од петтата генерација на друштвото DOCOMO.

Таа технологија по прв пат е претставена на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас во јануари тековната 2019 година, a сега истата се испитува во Grandrive, полигонот на Nissan, во Јокосуки, во Јапонија,  на кој се спроведуваат тест возењата овој реномиран производител на автомобили од земјата на Изгреј сонцето.

Системот наречен  „ Невидливо во видливо ”, или I2V, технологија е со која Nissan ја претставува интелигентната мобилност, на начин на кој тој ја согледува , што во блиска иднина ќе го спојува реалниот свет со тој – виртуелниот.

Поврзувајќи ги информациите од сензорите вон автомобилот и тие внатре во него  со податоците од така наречениот „облак“ им помага на возачите да во “видат невидливото“, на пример тоа што се наоѓа малку подалеку на коловозот, зад аголот, или, пак зад некоја зграда.

Покрај тоа, I2V ги поврзува возачите и патниците со „метасветот“, виртуелниот свет во кој луѓето можат да комуницираат преку аватар.

Членовите на семејството, пријателите и другите лица кои се наоѓаат на некое друго место, може да се појават во автомобилот во форма на проекција во три димензии avatar на проширената реалност како на возачот би му правеле друштво  или би му давале некоја асистенција во возењето!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!

Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Renault најави нов електричен компакт

Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

VW ќе ја предводи Eвропската „батериска унија“ за EV

Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата

Tesla со трета генерација на полначи