Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден 

Во 2010 година, Nissan ги прекрши конвенциите на европскиот пазар на автомобили со претставување на компактниот crossover модел Juke, нешто што до тогаш не било видено на пазарот…

Со смел и уникатен дизајн и комбинација на енергија и спортски стил, им понуди на клиентите нова алтернатива на традиционалната понуда. Со годините по неговото претставување, продажбата значително ги надмина првичните очекувања на Nissan.

И покрај доаѓањето на бројни конкуренти, Juke остана репер во овој сегмент од пазарот и тоа го потврдува со продадени повеќе од 1,5 милиони примероци до претставувањето на втората генерација на Juke во октомври 2019 година.

Емануеле Берленги, тогашен Менаџер за регионално производство, JUKE, Nissan Europe, сега директор за маркетинг на производи,  во Dongfeng Nissan Passenger Vehicle Co рекол:

„Успехот на Qashqai на европскиот пазар го натера Nissan во Европа да преземе радикален пристап со Juke. Имавме слободни раце да го развиеме моделот. Тоа беше почетната точка. Одлучивме дека треба да го повториме успехот на Qashqai, но во В-сегментот. Сепак, сите се согласивме дека не треба да правиме едноставна реплика. Беше голем предизвик за европскиот тим да му понуди на пазарот нешто навистина ново “.

Дизајнерите на Nissan создадоа модел што направи голем чекор напред, и во однос на пазарот и дизајнот. Имаше многу љубопитни погледи, повеќе воодушевени отколку разочарани, и никој, ама башо никој, не рече дека е безличен и досаден. Првиот crossover во сегментот B, со попречно монтиран мотор и погон на предните тркала, се напојувал со атмосферски бензинец на Nissan со стандарден агрегат со 1,6 / 117 КС, а наскоро пристигна и турбодизелот на Renault со 1,5 dCi / 110 КС.

Џими Меклејн (Jamie Maclean), тогашен инженер за производство во Nissan Europe, вели:

„Еден од најголемите предизвици беше да се се доведат во согласност возните карактеристиките на Juke со спортскиот изглед. Овој процес го започнавме во јуни 2006 година. Донесовме различни автомобили – од hatchback до спортски автомобили – и ги тестиравме за да одлучиме каков вид карактер сакаме да дадеме. Juke беше сосема поинаков концепт од сè што сме правеле претходно, знаевме дека имаме тежок пат пред нас.“

Секој тим се соочи со предизвици, но споделувајќи ги нашите идеи и страсти, дојдовме до јасна визија за тоа каков треба да биде крајниот резултат. Тоа чувство на енергија го обезбеди успехот на крајниот производ.

Најновата, втора генерација на Juke задржува голем број карактеристики што го дефинираа неговиот претходник, но дополнително ја подобри формулата со врвен впечаток, сродни технологии и супериорно задоволство во возењето.

Во споредба со претходната генерација, Juke сега е подолг за 8,5 см (421 см), а меѓуоскиното растојание е солидно e зголемено за 10,5 см (264 см).

Соодветно на тоа, целиот пакет сега изгледа попривлечно и мускулесто, како да поминал некое време во спортска сала и ја „билдал’ и така атлетската става.

Неговиот уникатен карактер е нагласен со елегантната палета на бои и бројните опции за персонализација со 15 двобојни стилови на каросеријата. Ова го вклучува карактеристичната портокалово-црвена – Fuji Sunset боја и најпопуларната двобојна верзија: бисер бел со црн покрив.

Во моментов се напојува исклучиво од бензински мотор со три цилиндри – познатиот  1.0 DIG-T, со турбо полнач, што испорачува моќност од 117 КС, кој доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен или автоматски менувач.

Судејќи според реакциите на професијата и минувачите, втората генерација е на добар пат да стане апсолутен хит!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Aznom го покажа ентериерот на Palladium