Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Nissan го објави своето партнерство со шкотскиот авантурист Крис Ремзи, кој следната година ќе се впушти во електрична авантура од Северниот до Јужниот пол…

Планот е експедицијата да тргне во март 2023 година, а Nissan Ariya e-4ORCE ќе помине повеќе од 27.000 километри низ неколку региони и континенти со температури кои ќе се движат од -30 до +30 степени.

Крис Ремзи (Chris Ramsey) ќе стане првиот човек што ќе вози од еден до друг пол со кое било возило, бидејќи ќе патува од Арктикот низ Северна, Централна и Јужна Америка, пред да се пресели на Антарктикот.

Оваа рута ќе содржи некои од најекстремните, најбруталните, но и најубавите сцени.

Од глечери покриени со снег до планински искачувања и пустински дини, оваа експедиција ќе помине низ прекрасни и неоткриени пејсажи.

„Горди сме што можеме да го објавиме нашето партнерство со Крис Ремзи и неговиот тим.

Сосема новиот, електричен модел на Nissan Ariya ви овозможува да одите понатаму, полесно и удобно.

Со технологијата e-4ORCE што обезбедува извонредна стабилност и држење на различни површини, знаеме дека Ariyа ќе биде совршен партнер за Крис и неговиот тим на ова предизвикувачко, целосно електрично патување“, рече Асако Хошино (Asako Hoshino), главен маркетинг директор на Nissan.

Како подготовка за ледените услови на Арктикот и Антарктикот, Nissan Ariya e-4ORCE ќе биде модифициран со голем број додатоци на каросеријата, нови тркала, гуми и суспензија.

Втората, немодифицирана Аriyа ќе биде возило за поддршка низ Северна, Централна и Јужна Америка.

Ова не е прва целосно електрична експедиција за Крис Ремзи. Тој е вклучен во авантурите на електричните возила повеќе од една деценија.

Пред пет години, тој и неговата сопруга станаа првиот тим што го заврши Монголското рели со целосно електричен автомобил. Двојката помина повеќе од 16.000 километри за 56 дена со нивниот Nissan Leaf.

Крис во 2015 година поминал растојание од 2.615 километри од најсеверното до најјужното место во Велика Британија и назад за два дена, користејќи исклучиво јавни полначи.

„Нашата мисија е да покажеме дека електричните возила можат да се справат со најтешките услови – од многу ниски температури на половите до топлите и влажните џунгли во Јужна Америка и да покажеме дека се многу возбудливи за возење додека ги задоволуваат сите потреби на просечниот возач. . „Фантастично е што толку важен и иновативен бренд стана глобален партнер на нашата експедиција“, рекол Крис Ремзи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава теренска изведба на Rolls Royce, сопственост на кралот на Мароко

До крајот на годината и специјален BMW M модел

Видео Goodwood Festival of Speed 2022

McLaren P1 Spider Lanzante

Се продава Fiat Tipo што го возел легендарниот Најџел Менсел

Alfa Romeo Giulia Speciale лимитирано издание во 15 примероци

Се продава единствениот Jaguar XJS Shooting Brake

Polestar 5 на „Фестивалот на брзината во Гудвуд“

Се продава уникатен Heuliez Intruder