Nissan Pathfinder Rock Creek Edition

Јапонскиот бренд на салонот во Чикаго ја претстави атрактивната верзија на успешниот теренец што со bi-turbo бензинскиот мотор со волумен од 3.5 литри и шест цилиндри во  V конструкција испорачува 284 KS и воодушевува со опрема и бруталните теренски способности

Пакетот на опрема Rock Creek Edition доаѓа со Pathfinder SL и Pathfinder SV, со постојан погон и со избор на седум бои во внатрешноста.

Доаѓа и со 18-инчни алуминиумски тркала, посебни цри елементи ( маска, носачи на покривот, држачи за раце на вратите, ретровизори , рамки над калници…), кука за влечење, седишта во две бои со опција за греење, управувачко тркало опшиено со кожа исто така со опција за греење, панорамски покрив, музичка линија Bose со 13 звучници и раскошна опрема.

Ќе го задвижува bi-turbo бензински мотор  со работен волумен од 3.5- литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува моќност од 284 KS и максимален вртежен момент од 350 Nm.

Агрегатот е во комбинација со CVT, континуиран автоматски менувач, Xtronic. Направен е за авантури вон асфалтот, a а колкава ќе биде неговата цена на нашиот пазар засега нема информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први проблеми во партнерскиот брак помеѓу Ford и VW

Citroen co електричен concept на салонот за автомобили во Женева

Audi со нов електричен концепт на Palexpo 2019!

На стартот на годината VW со благ пад на продажбата!

Škoda Scala стартува со производство но цената ги загрижува Чесите!

Серискиот Maserati Alfieri пристигнува в година

Вработените во FCA воСАД на почетокот на март добиваат бонус од 6000 долари

Ford Kuga и со седум седишта замена за Edge во Европа!

Поради слаб интерес -VW и PSA ги стопираат своите најмали модели во Европа