Nissan разви мотор од три цилиндри со 400 КЅ и 380 Nm!

Станува збор за турбо бензински агрегат што располага со работен волумен од 1,5- литра

Димензиите на моторот се a 40 x 20 x 50 cm и има маса од само 40 kg, односно двојно е полесен од одошто вообичаено се тешки моторите со таква моќност, a ќе се вградува во хибридниот болид Nissan ZEOD RC што се подготвува за настап на легендарната трка на издржливост Le Mans.

Коментарот на тоа е едно кусо „Воф“ што многу кажува...

Возможно ли е!, па инженерите на Nissan го направија речиси неможното: три цилиндри, турбо бензински мотор, со работен волумен од 1.5 литри, со минијатурен габарит  (40 x 20 x 50) и тежок само 40 kg навиен е на неверојатни 400 KS испорачани на 7500 в/мин,  со максимален вртежен момент од 380 Nm?

Да и можно е дека ќе го вградат во хибридниот болид Nissan ZEOD RC за Le Mans, што освен двата електромотори од по 110 kW (150 KS) ќе го впрегне и овој top-gun турбо – бензинец.

 

Мал, аеродинамично  оптимизиран болид само со турбо бензинскиот агрегат лесно ќе постигнува максимални брзини повисоки од 300 km/h.

Но, тука пред се е важно технолошкото умеење,врвната, тополтна и механичка издржливост на материјалите како и напредниот и софистициран систем за подмачкување…

Користи и интерна аеродинамика  на процесот на подмачкување, се со цел на намалување на отпорот што се создава при триењата.

Сето тоа заедно придонесува така малиот агрегат, a многу динамичен, да ја има потребната трајност и издржливост.

Засега толку,а од јапонскиот автомобилски гигант најавуваат дека наскоро ќе понудат повеќе детали за нивниот механички – технолошки бисер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идниот месец во Женева Subaru  со први електрифицирани модели за Европа

Ford подготвува Hybrid Mustang со погон на сите четири тркала!?

Mercedes-Benz дополнителна опрема ќе вградува и со апликација, далечински!

Hyundai со иновација- повеќфункционално перниче од иднината!

Toyota и Panasonic ги здружија силите за производство на батерии за EV

Bose со решение за анулирање на бучава во автомобилите

ClearMotion суспензија готова за сериско производство и револуција на патеките

Byton M-Byte електричен SUV со дигитална табла

Tesla започна со изградба на фабрика во Шангај