Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Тизер фотките малку или речиси ништо не кажуваат за новоста, но овој тизер објавен од Nissan на Youtube каналот не е во тој стил…

Во моментов, Nissan има релативно стара понуда на модели, освен неколку исклучоци какви што се Micra и Juke.

Сепак, тоа значително ќе се промени и тоа многу брзо и Nissan ќе биде бренд со голем офанзива на модели.

Според тизерот што беше објавен, а и од официјалните информации од компанијата, Nissan ќе претстави дури 12 нови модели во скоро сите сегменти во наредните 18 месеци, така што името на краткиот филм „Nissan next: from A to Z“ има целосна смисла и основа.

Уште повеќе, првиот модел што ќе пристигне ќе биде на буквата А – Ariya, а филмот прикажува нови изданија на практично сè што нуди Nissan и во Америка и во Европа – Murano, Navara, Note, Pathfinder, Qashqai …

Единствено што може да се види дека „фали” во филмот е GT-R, но од друга страна, за љубителите на спортот сепак ќе пристигне утехата.

Дефинитивно, наследникот на 370Z е многу близу, а се шпекулира дека би можел да има и twin-turbo мотор со работна зафатнина од 3.0-литри со можеби дури 500 КС.

Очигледно, Nissan ќе биде повеќе од достоен за внимание во следната година и половина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!