Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Според пишувањата на јапонските медиуми, Nissan има намера да го „оживее“ легендарниот модел Silvia, но со една важна промена.

Моделот Silvia на Nissan, познат и како 200SX и 240SX, би требало да добие наследник, но во целосно електрична верзија.

Планот беше развиен врз основа на рендерот на електричната Sylvia што се појави минатата година, а беше креиран од Метју Вивер (Matthew Weaver), потпретседател на одделот за дизајн на Nissan во Европа.

Засега нема детали за проектот за „оживување“ на моделот Silvia, освен дека автомобилот може да се очекува во 2025 година.

Автомобилот на рендерот е инспириран од моделот од првата генерација кој дебитираше во 1964 година на салонот во Токио, а тоа може да се види во линијата што ги дели горниот и долниот дел од телото, како и едноставниот дизајн на фаровите и задните светла.

„Моделот Silvia беше пред своето време, убаво старее, така што и денес би имал свое место на патиштата. вели Вивер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“