Nissan со футуристички спортски концепт и прототип за лунарна мобилност

Од Nissan ја наjавија својата иднина со Ariya Single Seater Concept , кaко и со Nissan Lunar Rover Prototype возило за мобилност надвор од патиштата на оваа планета, поточно во случајот на месечината…

Откако ја започна продажбата на својот crossover од серијата Ariya, oд Nissan сега го претстави и концептот за едносед Ariya.

Станува збор за футуристички тркачки модел со само едно седиште, кој во кратка изјава е опишан како проект на истражување, развој и демонстрација на високи перформанси.

Што се однесува до конкретни детали, познато е само дека овој двобоен Ariya Single Seat Concept го користи истиот електричен погонски систем како и серискиот crossover, што во најсилната верзија би значело 290 kW / 394 КС и 600 Nm  максимален вртежен момент.

Nissan го претстави и Lunar Rover Prototype, истражувачки проект имплементиран во соработка со JAXA (Japan Aerospace Exploration Agency Јапонска агенција за вселенско истражување).

Прикажан на настанот Nissan Futures, овој лунарен ровер истражува нови технологии за контрола на возењето, клучен фактор во истражувањето на вселената.

Општо земено, добар лунарен ровер треба да може да го премине лунарниот терен и да биде енергетски ефикасен.

Lunar Rover Prototype исто така користи елементи од сериските модели на Nissan Leaf и Ariya, вклучувајќи ја и технологијата за контрола на сите тркала e-4ORCE од Ariya.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји