Кинескиот стартап за електрични возила Niutron (Niutron New Energy Technology) го прикажува својот прв модел, crossover, со средна големина наречен NV…
Niutron ќе почне да прима нарачки за NV кон средината на летото, додека сериското производство би требало да започне во септември (во фабриката во Чангжу со капацитет од 180.000 возила годишно).
Возилото е базирано на модуларна платформа Gemini која ќе се користи за хибридни и целосно електрични возила.
Засега не се објавени детали за погонот на Niutron NV, но познато е дека до 100 km/h ќе забрза за 5,9 секунди.
Niutron NV е долг 4915 mm, широк 1950 mm, висок 1750 mm и има растојание помеѓу оските од 2900 mm.
Слики од внатрешноста се уште не се објавени, а повеќе детали за Niutron NV ќе бидат објавени подоцна.