No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Новиот филм за Џејмс Бонд и ќе пристигне во кината во ноември, а веќе е објавен вториот трејлер за филмот кој содржи многу автомобилска акции и спектакуларни возења,  на четири и на две тркала..

За нас Џејмс Бонд е интересен и поради фактот што во новиот филм ќе се појават еден куп Aston Martin и Land Rover автомобили.

Трејлер започнува кога тајниот британски супер агент 007 ќе се најде во бркотница на мост кога ќе го бркаат еден мотоцикл и четвртата генерација на Maserati Quattroporte.

Кратко потоа се појавува и новиот Aston Martin Valhalla кој е еден од четирите модели во филмот, заедно со класичниот и легендарниот DB5 кој прави триумфалем камбек во животот на Бонд.

Во трејлерот на кратко се прикажани и DBS Superleggera и „old school“ Aston Martin V8.

Нешто подоцна се појавуваат и неколку Land Rover Defender модели кои се во потера на тајниот агент на нејзиното Величество, кралицата на В. Британија.

Тоа не е се бидејќи малку потоа сепојавува уште едеб „угледен Британец“ на четири тркала – Range Rover Sport.

Инаку, кога се говори за самиот филм и тука како и во секоја сага од франшизата за тајниот агент 007 ќе има многу акции, пукотници, борби….

А како убава увертира пред скорешната премиера на филмот погледнете го овој интересен и возбудлив, полн со набој на адреналин кус трејлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro