Британските Noble Cars ја претставија концептната верзија на M500 во 2018 година на фестивалот на брзина во Гудвуд, а сега пред нас е и претпродукциски модел…
Како што сега стојат работите, испораките до првите клиенти ќе бидат извршени подоцна оваа година.
Засега, познато е дека M500 ќе работи со 3,5-литарски twin-турбо V6 од Ford GT (тука ќе развива околу 550 КС), поврзан со 6-брзински мануелен менувач Graziano.
Исто така, благодарение на лесните материјали користени во конструкцијата, овој двосед (во кабината има две седишта на Recaro Podium) ќе тежи околу 1250 килограми.
Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) треба да трае околу 3,5 секунди, а максималната брзина е нешто под 320 km/h.
Што се однесува до цената, таа би можела да биде околу 150.000 фунти, додека производството нема да надмине 50 примероци годишно.