Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

  • Нудејќи неспоредливо чувство на смиреност во патничката кабина, C5 Aircross има нов став, изразувајќи поголема моќ и префинетост. C5 Aircross претставува репер, кога станува збор за комфор и модуларност, особено со plug-in hybrid верзијата, а сега и со променет дизајн за да биде и позрел.

  • C5 Aircross во предниот дел внесува нов дизајнерски јазик, со облини што оставаат простор за поструктурните линии. Оваа промена на предницата дава повертикално и помодерно лице, hi-tech и истакнат лик што ја засилува перцепцијата за ширина и карактер на безбедно и импозантно возило.

  • Поместувањето кон повисоко ниво на позарот се препознава до најситните детали, илустрирано и преку тродимензионалниот светлосен потпис на задниот дел, новите 18″ тркала со дијамантска обработка и нови, поелегантни можности за персонализација. Во внатрешноста има нов дизајн на 10″ екран на допир и централна конзола со што се засилува изразениот карактер во патничката кабина.

  • Сѐ уште синоним за комфор во патничката кабина, C5 Aircross ја нагласува разликата со понудата на потпирање Citroën Advanced Comfort®, нови седишта Citroën Advanced Comfort®, неспоредлива просторност и модуларност, како и технологии за помош при возењето, како Системот за помош при возење по автопат, што обезбедува трансформација на секое патување, од дневните кратки обраќања до долги релации, во смирено и позитивно искуство.

„C5 Aircross, препознаен уште од неговото претставување како најукомфорниот и најфлексибилен SUV во категоријата, сега добива обновување за да наметне попрестижен, помодерен и подинамичен карактер. Додека ги надоградува силните страни – комфор, просторност во кабината и модуларност, тој добива на зрелост и станува поелегантен и подинамичен со поизразен стил на надворешноста и помодерни, високо квалитетни бои и материјали за внатрешноста.“ ,Pierre-Yves Couineau, Проектен менаџер за C5 Aircross.

 

Со повеќе од 260 000 продадени возила од неговото претставување во 2018 година, C5 Aircross се наметна во крајно конкурентниот сегмент на компактни SUV возила, благодарение на просторот во патничката кабина, модуларноста и пред сè, неспоредливиот комфор во сегментот.

Раскошната внатрешност што претставува вистински потпис на Citroën, како и искуството на марката во превозот на патници го издвојува од конкуренцијата. Дури и денес, C5 Aircross е лидер во смисла на практичноста и нуди порелаксирано искуство во патничката кабина.

Ова чувство е засилено во plug-in hybrid верзијата, што веќе претставува повеќе од 30% од продажниот микс во Европа.

Промената на изразот и подготвеноста да се направи исчекор во смисла на воочливиот квалитет и елеганција, особено изразени во предниот дел, се карактеристики што го дефинираат новиот C5 Aircross.

Тој станува подопадлив и ќе биде попривлечен за клиентите што чекаат поизразен карактер.

01.Понагласен, модерен и престижен став на SUV поструктурен, затегнат, модерен и Hi-Tech преден лик

Визуелно поголем и поимпозантен, C5 Aircross воведува нов дизајнерски јазик, каде облините им отстапуваат место на поструктурните линии.

Стилот на предниот дел е обновен за да биде повертикален и помодерен, засилувајќи го карактерот на безбедно и импозантно возило.

Затегнатите линии и вертикалната скалеста конструкција придонесуваат за визуелно проширување на предниот лик на C5 Aircross.

На патот изгледа поширок и поимпозантен, го претставува својот многу самоуверен став.

Новиот C5 Aircross го краси ново толкување на логото на марката, постепено добивајќи своја независност и издвојувајќи се од дневните светла, со што се означува поместување од другите модели од гамата, каде шевроните се протегаат долж дневните светла преку хромирана лента.

Шевроните сега се во црна лак боја со хромирана рамка. Визуелно се протегаат низ збирот на сѐ поцврстите хромирани и црни клавирски типки што постепено се вклопуваат во дневните LED светла.

Изработката во овој дел е многу суптилна, префинета и детална за да се подобри комплетниот впечаток.

Ова овозможува повече простор во средината на решетката за да може логото да „дише“.

Карактеристиката за новиот идентитет на Citroën, потписот на дневните LED светла во форма на буквата  V, е изработен со дизајн на клавирски типки, што дава hi-tech и продлабочен 3D ефект на предните светла.

Понатаму, LED Vision проекторите се подискретни и потемни, со што визуелно се продолжува црната решетка и дополнително се нагласува робустноста на возилото.

Логото и светлосниот потпис во форма на буквата V се подвлечени од долната страна на решетката со високо квалитетна лак црна лента, внимателно дизајнирана до најситни графички детали: образец од  шеврони што започнува под логото се движи вертикално нагоре за да биде паралелен со клавирските типки на дневниот светлосен потпис.

Под решетката, новиот стил на отворот за воздух визуелно го проширува предниот дел на C5 Aircross и му дава поимпозантнен став на патот. Страничните воздушни завеси, што сега се отворени и функционални, изгледаат како да се извајани од воздух со што се подобрува аеродинамиката. Бојата на елементите што ги красат воздушните завеси, придонесува за поместување на возилото на повисоко ниво на пазарот, со  сјајни и бисерни нијанси како Црна Glossy или Темна Chrome.

Главниот довод за воздух во центарот исто така е подинамичен и поелегантен благодарение на острите линии во склад со стилот на централните доводи за воздух кај C4 и C5 X.

Заштитниот капак во долниот дел на предниот браник го прави предниот лик подинамиче и му дава поквалитетен и попрестижен изглед.

Достапен е во два врвни материјали, во зависност од нивото на опременост: во сјајно црна боја кај Live, Live Pack и Feel, и во Glossy Aluminium кај Feel Pack, C-Series, Shine и Shine Pack.

Подинамичен профил, нов визуелен потпис во задниот дел

Новиот вертикален и структуриран профил на предниот дел ја зајакнува перцепцијата за моќ и робусност на прв поглед. Подобрување кое се наоѓа и на задниот дел во новите структурирани светла. C5 Aircross се одликува со изразен, прикажан преку полното и дарежливо моделирање, висок и хоризонтален капак на моторот, како и 360° застаклена линија, исцртувајќи хромиран страничен потпис во облик на буквата C и  засилувајќи го лебдечкиот ефект на кровот. Атрибутите на моќниот и смирувачки SUV се појавуваат и во неговите мускулести страни: растојание од тлото 230 mm, големи тркала со дијаметар од 720 mm, 360° заштита вклучувајќи и Airbump® и лакови на тркалата, препознатливи кровни носачи и доминантна положба при возењето.

Дополнително, повеќе нови стилски елементи на страничниот дел му ја нагласуваат елеганцијата и модерноста, како новите 18″ тркала од легура со дијамантска обработка PULSAR, со многу графички аеродинамичен дизајн, како и суптилна игра на бои и материјали, меѓу алуминиум и сјајно црна; нова сјајно црна боја на школките од ретровизорите, стандард за целата палета, што ја нагласува елеганцијата и пецепцијата за квалитет; сјајно црни функционални кровни носачи со нов елемент  во мат црна боја; нов дизајн за Airbump® Color Packs, како одговор на престижните бои на елементите од предниот дел.

Во согласност со предниот лик на возилото, C5 Aircross има нов тродимензионален LED светлосен потпис на задниот дел. Без да промена на големината, оптичката единица е опремена со темно и структурирано стакло, потенцирајќи ги трите LED светлосни модули што го сочинуваат светлосниот потпис. Графичките елементи ја нагласуваат елеганцијата и доследноста со предниот светлосен потпис.  Како и на предниот дел, суптилниот дизајн на клавирски типки го засилува длабокиот 3D ефект и на задниот светлосен потпис.

Поелегантна и подинамична персонализација

Со цел уште повеќе да ги исполни очекувањата на клиентите во C-SUV сегментот, новиот C5 Aircross се потпира на елегантна персонализација што значително го подобрува придвижувањето на возилото кон повисоко ниво на пазарот.

C5 Aircross прифаќа нова боја на каросерија Сина Eclipse, многу длабока и елегантна сина боја, што се менува од темно сина во црна во зависност од надворешната светлина.

Палетата сега се стеснува на престижните и омилени бои на купувачите: Бела Ice, Бела Pearl, Црна Perla Nera, Сива Platinium, Сива Artense и новата нијанса Сина Eclipse.

Новите бои на пакетите во боја се појавуваат на предните влезови за воздух и на Airbump®.

Четири нови  пакети на бои, што му овозможуваат на C5 Aircross да го потврди својот карактер на SUV и својата елеганција: Црна Brillant, Темна Chrome, Бронзена Anodisé и Сина Energic боја.

Двобојниот црн кров и црните кровни носачи со сјаен финиш му додаваат на возилото уште повеќе префинетост.

 

  1. Патничката кабина се развива за да биде покомфорна и попрефинета

 

Следејќи го чекорот на надворешноста за поместување на повисоко ниво на пазарот, на внатрешноста на новиот C5 Aircross ѝ е даден подинамичен и попрефинет изглед, со подобрувања во просторноста и комфорот што се очигледни штом го стартувате возилото.

Издигната позиција при возењето, воочливиот квалитет на материјалите, ергономијата и практичноста на интерфејсите го прават модерен и поинаков SUV.

 

Нов 10’’ екран на допир

 

C5 Aircross добива нов 10″ екран на допир што изгледа како да лебди над контролната табла и ги внесува возачот и патниците во помодерна патничка кабина.

Овој нов, поголем екран ја подобрува ергономијата нудејќи директен пристап до контролите за климатаизација и повисоко читање, со што погледот се задржува на патот.

Сега отворите за вентилација се наоѓаат под екранот и се модернизирани со нов остар, хоризонтален дизајн.

Новиот 10” екран на допир ќе се вградува во бензинските и дизел верзии со навигација, а од верзијата Feel за хибридите.

Дополнително, 12”3 дигитален дисплеј ги овозможува сите основни и прилагодливи информации директно во линија со видното поле на возачот: преглед на навигацијата, информации за активираните системи за помош при возењето, информации за работниот процес на хибридниот мотор итн. – обезбедувајќи погледот на возачот да остане на патот за комплетно безбедно возење.

Нови седишта Citroën Advanced Comfort® 

 

C5 Aircross е опремен со нова генерација на седишта Citroën Advanced Comfort®  што се веќе присутни кај C4 и C5 X.

Изработени од сунѓер со голема густина во срцето на седиштето, дополнителен слој сунѓер со густина од 15 mm и специфична конструкција, седиштата Citroën Advanced Comfort® го нудат најдоброто во однос на визуелен комфор, комфор при седење и комфор при возење, како и долгорочен квалитет, благодарение на типот сунѓер отпорен на собирање со текот на времето.

За понатамошно подобрување на комфорот на возачот и совозачот, предните седишта може да имаат греач и масажер.

Понатаму, боите и материјалите се префинети, сега со избор и на премиум материјали, за да се нагласи комфорот и високиот квалитет.

Седиштата имаат нова структурирана и современа ткаенина за средните верзии, а нова понуда на мека на допир ткаенина Alcantara во нивото Shine, како и нова опција за врвна перфорирана кожа.

Наслоните за раце и централната конзола се направени од ткаенина со ефект на црна кожа, а контролната табла со елементи од ткаенина со ефект на структурирана црна кожа.

Модернизираниот амбиент на почетно ниво и 4-те нови Advanced Comfort амбиенти создаваат поелегантна, динамична и квалитетна атмосфера.

Ново штепување во сина боја, ги украсува седиштата, панелите на вратите и контролната табла кај сите амбиенти, на многу кохерентен и елегантен начин.

Амбиентот Wild Black го заменува амбиентот Wild Grey, со нова пламено-црна структурирана ткаенина во комбинација со нова ткаенина со ефект на сива кожа и сини штепови.

Амбиентот Urban Black ја комбинира новата Црна Alcantara и ткаенината со ефект на црна кожа.

Амбиентот Metropolitan Black го заменува постоечкиот Metropolitan Grey со нова сива ткаенина со ефект на кожа.

Конечно, амбиентот Hype Black е освежен за да ја краси врвната обработка со суптилна комбинација на нова перфорирана кожа Paloma и сина кожа Nappa.

Нова централна конзола

 

Централната конзола, висока и голема, е модернизирана со ткаенина со ефект на црна кожа, потенцирана со хромирани дизајнерски линии што нагласуваат поергономски изглед на контролите, кај автоматските менувачи: нов, елегантен и hi-tech e-Toggle менувач, ново копче за избор на режим за возење вклучувајќи ја и функцијата Grip Control и кај plug-in hybrid верзиите, интуитивен избор на режим за возење (електричен, хибриден или спортски).

Централната конзола, исто така вклучува и голем простор за складирање, што го прегрупира поврзувањето со 2 USB влеза и безжичен полнач.

 

  1. Се уште синоним за смиреност во кабината исклучителни елементи за комфор во кабината

 

Како истакнат претставник на делот за комфор, претставувајќи ги гените на CITROËN, новиот C5 Aircross ги задржува карактеристиките за да се наметне во сегментот, допринесувајќи на целокупното искуство фокусирано на благосостојба и едноставност при употреба.

Потпирањето со Прогресивни хидраулични перничиња®, ексклузивитет на Citroën, го нагласува апсорбирањето на неправилностите на патот и обезбедува патниците да патуваат во апсолутен комфор, со вистински ефект на лебдечки килим.

Единствениот SUV во сегментот што нуди 3 независни седишта назад, што може да се лизгаат, накосат или преклопат, овозможувајќи  да уживате во модуларност на ниво на професионален превоз на патници во вистински SUV. Волуменот во багажниот простор е рекорден во сегментот: од 580L до 720L кај бензинската и дизел изведба и од 460L до 600L кај plug-in хибридната верзија.

Конечно, специјално внимание е посветено на акустичните карактеристики со опција за искористување на акустично обложени предни стакла што го засилува ефектот на чаура во автомобилот.

 

Plug-in Hybrid : Врвно искуство на комфор

 

Понудата на plug-in hybrid мотори за средните нивоа верзии, дополнително ја подобрува благостојбата во возилото, благодарение на предностите на електричното возење за дневни патувања до 55km и неограничен опсег на возење за долги патувања со бензинскиот мотор.

Plug- in hybrid моторизацијата овозможува возење во тишина и отсуство на вибрации во електричен режим на работа до 135km/h, инстантно достапен вртежен момент од 320 Nm, обезбедувајќи траен комфор за корисникот, гарантирајќи динамично поткревање во секој момент.

Со нула емисија на CO2, дава слобода за пристап до урбаните подрачја каде се забранети возила со бензински и дизел мотори.

Корисниците на C5 Aircross Plug-In Hybrid, исто така, имаат добивка од низа услуги за поедноставување на  полнењето: со управување директно во возилото или преку паметен телефон и можност за програмирање на времето за полнење.

Полнењето е брзо, со комплетно полнење за помалку од два часа на Wall box.

Возење без стрес благодарение на технологиите во кабината

C5 Aircross нуди широка понуда на технологии од најнова генерација, за подобрен комфор и безбедност на своите патници на дневна основа.

Возачите на новиот C5 Aircross имаат корист од 20 системи за помош при возењето во сегментот на компактни SUV возила.

Меѓу нив, системот за помош за возење по автопат, системот за автономно возење ниво 2, што го комбинира прилагодливиот темпомат со функцијата  Stop& Go и активно предупредување за ненамерно напуштање на коловозната линија, обезбедувајќи засилено чувство на безбедност благодарение на постојаната поддршка за возачот.

Технички карактеристики:

 

Должина:  4500 mm

Ширина: 1840 mm

Висина: 1670 (со кровни носачи)

Меѓуоскино растојание: 2730 mm

Растојание од подлогата : 230 mm

Дијаметар на тркала : 720 mm

Багажен простор (мотори со внатрешно согорување): 580 L до 720 L, и до 1630 L со преклопени седишта

Багажен простор (хибриден мотор) : од 460 L до 600 L

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport