Нов Ducati за само 6.000 евра!

Ducati MIG-RR електричен mountain bike (mtb)  конечно им е достапен на потенцијалните купувачи ширум пазарите на Стариот континент

Нарачките може да се направат преку дилерската мрежа на производителот од Италија, но и директно преку сајтот: www.ducati. Com

Овој велосипед за активност по тешко пристапни терени чини само  6.250 евра.

Потсетуваме велосипедот имаше премиера кон крајот на минатата 2018 година на саемот EICMA.

Новиот модел е резултат на напорите на компанијата Ducati да се позиционира во овој сегмент со брз раст на пазарот.

Инаку, MIG-RR го произведува компанијата Thok Ebikes, експерт кога станува збор вакви изведби на две тркала.

Во проектот учествувал и дизајнерскиот центар на Ducati, како и Алдо Друиди (Aldo Druidi), човек кој станал познат по своите дизајнерски решенија за кацигата на славниот мотоциклист Валентино Роси.

Велосипедот на струја MIG-RR има FOX Factory Kashima потпирање со различен од напред и назад.

Неговата вкупна маса изнесува само 22,5 kg,  a во себе има имплементирано и  карбонски Renthal рачки, Mavic фелни, Shimano Saint сопирачки и 11-степен Shimano XT пренос на силата.

Задвижуван е од Shimano Steps E8000 со моќ од 250 W, еден од најлесните на пазарот (2,8 kg).

Овој електромотор испорачува 70,2 Nm вртежен момент, што е повеќе од тоа што го нуди Yamaha R6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Porsche Taycan за 24 часа, на патеката Nardo поминал 3.425 km

Drako GTE електричен супер автомобил

Jaguar иницира кампања за промена на значењето не еден збор-Car

Audi Q4 e-tron нуди дури и персонализација на светлата

Најавен Bugatti инспириран од моделот EB110 SS

Во Кина – Роботи сообраќајци

Најмоќниот Porsche Cayenne е plug-in хибрид

Volvo размислува за проширување на SUV понудата

Superb поминал точно еден милион километри!