Mahle има нов – SCT електричен мотор кој може бесконечно да работи на високи брзини и за кој тврди дека е значително поиздржлив од кој било друг дизајн што актуелно се користи во однос на погонските единици на струја…
Електричните мотори нудат одредени предности во изведбата во однос на моменталниот вртежен момент, останува предизвик електричните возила да работат со високи перформанси во долги временски периоди, а од Mahle велат дека успеале да дојдат до дел од решението на овој проблем.
Компанијата го претстави својот нов SCT е-мотор кој „може да работи бесконечно со високи перформанси“, тврди добавувачот, поради новиот концепт за ладење. Mahle вели дека интегрираното ладење со масло го прави моторот способен да работи со големи брзини долги временски периоди, додека компактниот дизајн значи дека тој е сè уште лесен и, можеби уште поважно, евтин.
Покрај тоа што има одлични карактеристики за ладење, моторот исто така е дизајниран да биде најефикасен во одреден опсег на вртежи во минута, што се случува да биде на 90 проценти од максималната моќност. Тоа, според Mahle, ќе го направи корисен за сите видови апликации со високo оптоварување, како што се автомобили за тркачките патеки или комерцијални возила кои совладуваат планински премини.
„Изградбата на големи електрични мотори кои обезбедуваат краткорочни високи перформанси е лесно. Она што сè уште недостигаше на пазарот до сега беа издржливи, но компактни погони за електричните возила да бидат неограничени за секојдневна употреба, а нашиот нов SCT е-мотор е решението за ова“, изјавил Мартин Бергер, потпретседател за корпоративно истражување и напредно инженерство во Mahle.
Mahle се одлучи за ваков концепт на мотор поради неговиот компактен дизајн. На роторот, исто така, не му е потребнo огромно количество на струја, што го прави моторот ефикасен и без абење. Наместо тоа, неодимиумските магнети се користат за генерирање на магнетно поле во моторот. Добавувачот може да го направи моторот и без магнети, доколку цената и понудата на суровините не одговараат на неговите клиенти. Тој мотор исто така е без абење и ефикасен, но бара повеќе простор за склопување.
Електричниот мотор е дизајниран да биде исклучително скалабилен, а производителот вели дека може да се користи во се, од е-скутери до теренски и индустриски апликации. Mahle ќе го претстави SCT E-моторот на јавноста за прв пат на саемот IAA Transportation во Хановер во септември 2022 година.