Нов Гинисов рекорд- најбрза промена на гуми на автомобил во возење!

Двојка од Италија постави нов Гинисов рекорд за најбрзо менување гуми на автомобил во движење…

Да, добро прочитавте, во движење и, да, ја има таа категорија во Гинисовата книга на рекорди.

Мануел Золдан вози BMW додека Џанлука Фолко седи на совозачкото седиште. Односно, тргнува од совозачкото седиште, но брзо се искачува низ прозорецот додека Золдан го крева BMW-то на две тркала.

Золдан полека кружи со BMW-то и балансира на две тркала, а Фолко го вади предното тркало и го заменува со монтираното на вратата. Целиот процес трае една минута и 17,64 секунди, со што го надмина стариот рекорд за нешто повеќе од 13 секунди.

Овде дефинитивно е тимски напор, бидејќи Золдан покажува неверојатна контрола на автомобилот за да го одржува балансот на BMW при толку мала брзина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји