Нов хипер автомобил на Koenigsegg

По повод Новата година, Koenigsegg на Facebook објави тизер слика на која очигледно се гледа нивниот нов хипер автомобил…

Шведскиот производител на автомобили го напиша и ова: „Почитуванa 2022 година, еве ја нашата новогодишна одлука – Повеќе врвни перформанси преку паметен инженеринг и оптимален дизајн. Одиме!”

Сликата на тизерот покажува затемнета фигура на Koenigsegg, но сè уште не е познато за што точно се работи.

Затоа, се појавија шпекулации дека можеби станува збор за нов хипер автомобил, особено ако се има предвид фактот дека во 2022 година ќе се одбележат 20 години од првата испорака на моделот CC8S, првиот сериски супер автомобил Koenigsegg.

Во тој случај, во чест на таа годишнина би можело да се направи нов хипер автомобил, но тоа се уште не е официјално потврдено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette