Нов караван Lada Granta cross во продажба од летово

Компактниот караван Lada Granta Cross инаку преставен минатата година на интернационалниот салон за автомобили во Москва на рускиот пазар ќе се појави летото тековната 2019 година, поточно во периодот јули – август, како што изјавил за листот RG, одговрниот од службата за односи со јавноста во АвтоВАЗ -Стар Березиј…

Сериската верзија на овој автомобил ќе добие пластични заштитни делови на  каросеријата.

Покрај тоа ќе има и повисоко поставен клиренс, но не се знае со кој точно мотор ќе биде опремена Lada Granta Cross.

Според некои информации под хаубата на овој модел ќе биде инсталиран бензински мотор со работен волумен од  1,6-литри, со четири цилиндри и две верзии на моќност, со 87 и со 106 ks. ,а менувачот ќе биде мануелен и автоматски, како опција.

Почетната цена на класичниот караван Lada Granta изнесува 461.900 руски рубљи (околу 6.312.5 евра), па ако се земе аналогијата со возилата Kalina и Kalina Cross може да се заклучи дека cross верзијата на овој модел ќе биде од 30 до 50 илјади рубљи поскапа, а се во зависност од нивото на опременост. Инаку Sedan Lada Granta може да се набави со почетна цена од 434.900, a liftbeck i hechback, од 451.900 рубљи.

Најголемиот руски производител на автомобили AvtoVAZ планира до крајот на 2026 година на пазарот да пласира осум нови модели и обнови девет постоечки.

На рускиот пазар возилата марка Lada застапени се во сегментите V, V+, SUV и LCV.

Инаку, Компанијата, во моментов, произведува пет модели: Largus, 4X4, Vesta, Granta и Xray.

На возилата од АвтоВАЗ отпаѓа девет проценти од пазарот на нови патнички автомобили во Русија, додека, пак, официјалната продажна мрежа на компанијата брои повеќе од 300 салони.

Инаку, како што деновиве е пишувано, АвтоВАЗ во моментов е посветен на тестирање на автомобилот Lada Granta Sport 2019.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

Scania NXT концепт возило- дење вози патници, ноќе транспортира смет!

FCA и Aurora ќе прават RAM комерцијални возила без возачи!

 Нов SUV на струја – Ford Territory

Колку производители нема да се појават на IAA 2019 Frankfurt Motor Show!

Крпеници на пат што траат 10 години!!!

Во своите погони во Чешка Hyundai 3.000.000 автомобил

Епска борба – Ford  против Ferrari

Електричен Mini Cooper S E влече Boeing 777F