Нов концепт на детско седиште од Mercedes за поголема безбедност

Повеќе од јасно е дека безбедноста на децата е најважна за родителите, а „кармејкерите“  како една од главните задачи ја имаат како да ги заштитат подобро малите патници во возилото…

Од  Mercedes-Benz, веќе нудат нов концепт за детска безбедност, преку визија за детско седиште, развиена засега како прототип, опремено со PRE-SAFE функција.

Пред евентуалната  сообраќајка на автомобилот или пак надворешно влијание, безбедносните ремени се затегаат и се активираат страничните заштитни елементи, а воедно е имплементирано и  следење на виталните знаци во седиштето.

Истражувањето објавено во октомври 2018 година од страна на осигурителни компании (UDV) покажува некои големи проблеми во врска со монтажата на седишта или грешки при прицврстување на ремените, но, новото детско седиште е поврзано со мрежата и го намалува ризикот од дефекти со следење од сензорите на самиот автомобил.

Други карактеристики иновациски и напредни технолошки системи што се вклучени се: вградена камера и специјални сензори кои ја следат температурата на детето, срцето, дишењето и состојбата на спиење

Се уште не се знае дали детското седиште ќе влезе во сериско производство, но според Mercedes, некои од воведените иновации најверојатно ќе бидат претставени подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми

Политики за поттикнување на употреба на автогас

Благодарение на Tesla и FCA е надвор од казнената зона за флотна емисија на штетни гасови

Porsche предвидува: моторите во иднина ќе растат