Нов Nissan X-Trail

Nissan ќе започне со продажба на новата, четврта генерација на  популарнио SUV моделот X-Trail во Јапонија од 25 јули…

Треба да се напомене дека јапонската верзија ќе биде достапна само во електрифицирана форма, со хибриден погон во верзии 2WD и 4WD (e-4ORCE). Се очекува истиот сетап да се нуди и во Европа.

Новиот X-Trail е изграден на платформата CMF-C, додека хибридниот погон е комбинира од 1,5-литарски VC-Turbo бензински трицилиндричен мотор со системот e-POWER од втората генерација.

Nissan вели дека хибридниот систем е подобрен во однос на „моќта и тишината“ во споредба со неговиот претходник.

Nissan допрва треба да објави детални спецификации за погонската група, но истакнува дека моторот со внатрешно согорување не е поврзан со тркалата, ограничувајќи ја неговата улога само на генератор за електричните мотори.

4WD варијантите на теренецот се карактеризираат со електричниот систем за погон на четири тркала e-4ORCE со два електрични мотори, сличен на оној што го користи целосно електричниот Ariya, кој нуди подобрени перформанси во сите услови на патот. X-Trail, исто така, располага со технологија e-Pedal Step која применува регенеративно сопирање.

Однадвор, новата X-Trail изгледа практично идентично со Nissan Rogue на американскиот пазар кој беше претставен кон крајот на 2020 година. Ова го вклучува дизајнот на поделени фарови, хромирана V-Motion решетка, црни А-столбови и затегнати задни раменици.

Во Јапонија, новата X-Trail е достапна во 12 бои, вклучувајќи го и Cardinal Red и пет двобојни конфигурации.

Внатрешноста располага со 12,3-инчен дигитален инструмент табла со два режими на прикажување, 12,3-инчен екран на допир, плус 10,8-инчен head-up дисплеј.

За верзијата со пет седишта, Nissan вели дека го има најголемиот багажник во сегментот, а има и варијанта со седум седишта.

Други карактеристики вклучуваат Bose Premium аудио систем, како и бројни опции за персонализација (црна ткаенина, премиум Nappa кожа и водоотпорна Cell-Cloth). Опремата вклучува Nissan Safety Assist 360 со камери, радар и сонар што ја следат околината, плус долга листа на полуавтономни функции како дел од пакетот ProPILOT на Nissan.

Новиот Nissan X-Trail во Јапонија чини од 3.198.800 до 4.499.000 јени (од 22.715 до 31.945 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Toyota Yaris Cross GR Sport

Подновен Nissan Kicks