Нов официјални слики и видеа за новата генерација на Renault Clio!

Сосема новиот Renault Clio V ја открива внатрешноста и надворешноста, пред неговата официјална, глобална, промоција за малку повеќе од еден месец на престојниот автомобилски салон во Женева

Мега популарниот автомобил на Французите пристигнува со Smart Cockpit со голем екран на допир од 9,3-инчи на вертикалниот мултимедија екран …

Тоа може да се види на ексклузивните фотографии од внатрешноста на новата генерација на градскиот автомобил.

Новиот  Clio пристигнува со најголем во класата, 10-инчен TFT дигитален инструмент.

Тука е и новиот дизајн на седиштата што значително го подобрува просторот за колената на патниците кои седат назад.  

Подобрена е и адаптацијата со понуда на осум шеми на дизајн на внатрешноста..

Исто така, Clio е и првиот автомобил на марката Renault што ќе биде изграден околу новата CMF-B платформа.

Како што кажавме погоре големата премиера ќе се одржи на салонот за автомобили во Женева од каде следува ново поглавје во успешната приказна долга веќе три децении.

 

Треба да потсетиме дека од 2013-та година моделот е на врвот во B сегментот на европскиот пазар и до денес е продаден во повеќе од 15 милиони примероци.

 

Додека ја очекуваме светската премиера на петтата генерација на Renault Clio, во Женева, Французите ни понудија нови фабрички фотографии на овој долго очекуван новитет.

Ако се земе во предвид дека конкуренцијата веќе ги обнови своите претставници во популарниот  B сегмент (VW Polo, Ford Fiesta, Citroen C3, Nissan Micra, Suzuki Swift, Seat Ibiza…), а дека набргу се очекува и премиерата на Peugeot 208, односно на новата генерација на Opel Corsa, пристигнувањето на Renault  Clio ем што беше посакувано, ем е исто така и временски добро темпирано.

Новиот Clio, веќе спомнавме, ќе ја користи унапредената верзија на CMF-B платформата, a во гамата на агрегати, најверојатно ќе се најде и новите 1,0-литарски, со три цилиндри и 1,3-литарски, со четири цилиндри, турбо бензински мотори, како и 1,5-литарскиот дизел.

Од некои претходно пласирани најави, во понуда ќе биде само hatchback  изведба на каросерија со пет врати.

Покрај наведените, регуларни верзии, новиот Clio повторно ќе биде понуден и во спортската RS варијанта (со 1,6 или со 1,8-литарски агрегат), a се спомува и изведба со мек (mild) hybrid  исто како и Clio plug-in hybrid (последната електрифицирана верзија би требало на пазарот да пристигне во текот на наредната 2020-та година).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Honda Jazz годинава

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave