Нов Peugeot Metropolis

Францускиот производител на скутери и мотоцикли – Peugeot го претстави новиот Metropolis, што претставува прва голема премиера откако брендот премина во сопственост на индискиот гигант Mahindra…

Новиот Peugeot на пазарот ќе има ривали во својата класа –  Yamaha Tricity 300 и можеби најпознатиот претставник во сегментот на модели со три тркала, Piaggio MP3.

Кога споменатиот MP3 беше лансиран во 2006 година, предизвика големо внимание во јавноста.

Имено, многумина дебатираа дали воопшто може да се класифицира како мотоцикл.

Без оглед на сè, пазарниот удел на овој модел растеше секоја година, станувајќи еден од најпродаваните модели на италијанската компанија.

Самиот сегмент станува сè попопуларен, за што сведочи и освежувањето на моделот Tricity  на од Yamahа, така што Metropolis може да се надева на добри продажни резултати.

Тој е секако поубав од неговиот претходник, кој се продава од 2014 година. Стилскиот изглед е многу поаголен и потсетува на моделите на четири тркала од француски производител.

Предните светла исто така изгледаат како да се од новата Peugeot 208, а сите овие стилски детали имаат за цел да ја зголемат привлечноста.

Metropolis  е задвижуван од ажурирана единица со волумен од 400 кубни сантиметри, со моќ од 35,6 КС и максимална брзина од околу 145 км / ч.

Погоре споменатиот мотор PowerMotion нуди дополнителна стабилност при возење и ги исполнува стандардите за емисија на Euro5.

Достапен е во „снежно-бело“, „сино на полноќ“, „амазонска сатенска сина“ и мат црна боја.

Цената на основната изведба на Metropoli, на пазарите во Европа почнува од 9.699 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster