Нов рекорд на Megane R.S Trophy-R сега на патеката во Suzuka

Перформанс изведбата на компактниот моде на Французите Megane R.S. Tropphy-R постави нов рекорд на славната тркачка патека во Јапонија- Suzuka, со постигнато време од 2’25’’454, надминувајќи го досегашниот рекорд за три (3) секунди…

Со тоа продолжува долгата низа на успеси откако ги постави рекордите на патеките Нордшлајф (Nordschleif) на Нирбургринг  (Nürburgring) и на Спа Франкошампс ( Spa-Francorchamps) во рамките на настанот R.S. Days, што е проследено и со емитување во живо на социјалните мрежи.

 

Освен со постигнување на голем успех во Јапонија, Французите можат да се пофалат и со десетици илјади вљубеници во TROPHY-R и Renault Sport.

Крајот на септември тековната 2019 година, Јапонија беше најголемиот пазар за Renault R.S. моделите, поголем и од Германија и од Франција, како и трето по големина за  Mégane R.S. иако верзијата Trophy на тој пазар се уште не е претставена.

Инаку MÉGANE R.S. TROPHY-R е најновото поглавје на успешната приказна што започна пред околу 15 години, во која се продолжуваат успесите на славните претходници.

Се поставуваат нови рекорди по круг во класата на сериски автомобили со погон на предни тркала и со кој се оддава почест на Renault Sport дивизијата и на нејзините настојувања успехот да го кренат на повисоко рамниште во рамките на предизвикот и перформансите.

Новиот Mégane R.S. TROPHY-R е најуспешниот сериски автомобил што Renault кога и да е го произвел.

Во соработка со Mégane R.S. Trophy, новиот екстремен и скап Mégane е задвижуван со идентичен турбо бензински мотор, со четири цилиндри, со работен волумен од  1,8 –литри што под капакот „крие“ ергеле од 300 KS а поголемата брзина ја должи на намалувањето на масата (до 130 kg),зафатите во аеродинамиката и радикалните промени на шасијатаза подобро „лежење“ во свиоците.

На развојот на новиот Mégane R.S. TROPHY-R луѓето од Renault Sport соработувале со познати партнери како што се Akrapovič, Brembо, Bridgestone Öhlins и Sabelt.

Инау, MEGANE R.S. TROPHY-R на пазарот пристига во лимитирана серија од само 500 примероци.

Почетната цена за таков автомобил се движи од околу 55.000 евра на пазарот во Франција, а истата се разликува, во зависност од земјата, односно давачките што важат кај нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември