Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

Меурот од сапуница базиран врз ветувања би можел да се распрска – заснован на ветувања може да се распадне – компанијата Nikola, производител на тешки комерцијални возила на струја е во невола и под сериозна обвинувања и проверки…

Иако не произведе ништо од ветените сериски електрични возила, start-up Nikola, по бројните искачувања и падови процути на берзата, особено од мај, кога почна да вреди повеќе од Ford.

Сепак, како што стојат работите, овој надуен меур од сапуница пoставен во најголем дел на ветувања и планови, но без очигледна реализација, може да се распадне со големa експлозија и да предизвика сериозни турбуленции на финансискиот пазар.

Имено, на 10 септември, компанија  Hindenburg Research  објави извештај во кој го обвинува Nikola за измама и лажење, како и за веродостојноста на технологиите што Nikola ги најавува на сите sвона. Овие обвинувања беа сфатени сериозно, па американското Министерство за правда ги презеде работите во свои раце и започна да го проверува Nikola.

Дополнително, Hindenburg Research го обвини основачот и извршен директор на Nikola, Тревор Милтон (Trevor Milton), дека воопшто не ги поседува технологиите што тврди дека ги има неговата компанија и дека користел макети наместо вистински функционални возила за промотивни видеа.

За работите да бидат уште поинтересни, овие обвинувања беа објавени во јавноста само два дена по бомбастично најавениот договор вреден повеќе милијарди долари, потпишан од „General Motors и Nikola, според кој GM ќе снабдувал со батерии и горивни ќелии, а исто така и ќе ги произведувал возилата (камионите) Nikola во своите погони.

На обвинувањата Nikola одговори со контра-тужба за манипулација од страна на  Hindenburg Research, кои билеа измислени заради уривање на акциите на Nikola.

Сепак, расплетот, а можеби и заплетот на настаните, продолжува.

Извршниот директор на Nikolaс, Тревор Милтон се повлече од својата позиција, на која е назначен поранешниот член на одборот Стив Гриски (Steve Grisky).

Во исто време, на свеченото отворање на градилиштето на гига фабриката  на Nikola, во  Калифорнија, малку што се случувало.

Договорот со Gm, вреден четири милијарди долари, требаше да биде потпишан на 30 септември, но сега целата приказна за Nikola е под голем прашалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија