Нов спортски мотоцикл од Кина се подготвува да ја покори Европа

Од Шпанија пристигнуваат информации за можно доаѓање на нов кинески производител на спортски креации на две тркала на пребирливиот европскиот пазар…

Името на компанијата е Colove, а на Стариот континент треба да се натпреварува во сегментите на спортски и авантуристички мотоцикли. Марката Colove (Cove е друга варијанта на името) наводно развива нов спортски мотоцикл што како погон би требало да користи мотор со четири цилиндри, со работен волумен зафатнина од 400 кубни сантиметри.

Агрегатот ќе има моќност од 74 КС, ослободени  при 13.500 вртежи во минута и 44 Nm максимален вртежен момент, испорачан при 12.000 вртежи во минута. Овие бројки, заедно со малата тежина (маса)  на новиот мотоцикл, ќе овозможат максимална брзина од 220 km/h.

Во споредба со мотоциклот Kawasaki Ninja 400, чиј двоен мотор има волумен од 399 кубни сантиметри и испорачува моќ од околу 43 КС, агрегатот што ќе се најде кај новиот кинески спортски модел на две тркала, наречен 400RR, ќе има на располагање многу повеќе моќ.

Покрај 400RR, Colove има во понудата и спортски мотоцикл со ознака 321RR, чиј мотор има 321 кубни сантиметри.

Оваа машина испорачува 39 КС при 10.500 вртежи во минута што е респектабилна бројка.

Можеби најважната разлика помеѓу 321RR и 400RR е тоа што првиот е наменет исклучиво за кинескиот пазар, додека вториот ќе се упати кон пазарите на Стариот континент каде конкуренцијата е бројна и остра.

Но, тоа не е се, бидејќи Colove на купувачите во Европа ќе им понуди авантуристички модел со единица од 800 кубни метри, а во план е и неговата RR верзија.

Дуото ќе се натпреварува на пазарот со моделите RS 660 и Tuono 660 на Aprilia.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

-Volkswagen плаќа казна од 193 милиони фунти на оштетените Британци во Dieselgate

BMW Motorrad Baby cruiser

Системите за полу автономно возење не се така безбедни како што велат!

Претставниците на 7-та сила во Италија велат електрична Panda ќе се прави во Крагуевац

Husqvarna ја претстави enduro  линијата 2023 година

BMW iX1 -зимски тестирања

Новата линија на KTM 490 пристига кон крајот на годинава

VW го враќа во живот името Scout за својот електричен pick-up

Yamaha  го претстави новиот Tricity 125