Откако минатиот септември ја прикажа најновата, трета генерација на Crosstrek за јапонскиот пазар, Subaru сега го промовира новиот Crosstrek со спецификации за северноамериканскиот пазар на автосалонот во Чикаго…
Накратко, новиот модел носи модерен стил и технологија, иако е базиран на изменета верзија на платформата на неговиот претходник.
Дизајнот на третата генерација останува препознатлив, иако се вели дека сите панели на каросеријата се редизајнирани.
Во однос на димензиите, новиот Crosstrek е долг 4480 mm, широк 1800 mm, висок 1580 mm и растојание помеѓу оските од 2670 mm. Тоа значи дека димензиите на новиот модел се многу слични на претходникот, освен должината (+ 15 mm).
Како и досега, возилото има пластична лизгачка плоча и нагласени шини на покривот, додека има потенки LED светла, алуминиумски тркала со нов изглед од 17 и 18 инчи и помали задни LED светла во облик на латинската буква С.
Внатрешноста носи редизајнирана контролна табла, 11,6-инчен екран на допир и седишта со ткаенина или кожа.
Кабината има корист од подобрениот фокус на патниците и нивната интеракција со возилото.
Дизајнот со поголема поддршка на предните седишта ја зголемува севкупната удобност и го минимизира заморот.
Фокусираниот напор за намалување на звуците во одредени фреквентни опсези резултира со потивка и поудобна кабина.
Дел од опремата е новата генерација на системот EyeSight со широкоаголна монокуларна камера и подобрен софтвер.
Инаку, новиот Crosstrek , модел од 2024 година ќе се нуди со Base, Premium, Sport и Limited пакет на опрема, со цени во САД почнувајќи од 24.995 американски долари.
Што се однесува до моторот, верзиите со пакетите Base и Premium имаат мотор за работен волумен од 2,0-литри, со четири цилиндри и со моќ од 152 КС под хаубата.
Кога пак говориме за варијантите Sport и Limited се придвижувани од подобрен агрегат од 2,5 литри работна зафатнина и со моќ од со 182 КС.
Стандардно во сите изведби на опрема е инсталиран линеартронски CVT менувач.