Нов SUV на струја – Ford Territory

Минатата 2018 година Ford на пазарот во кина го претстави SUV моделот Territory, а неговата гама, сега, е проширена, и со целосно електричната верзија Territory EV…

Тука ќе дадеме едно појаснување дека како база Ford Territory е искористен Yusheng S330 што е производ на Jiangling Motors Corporation (JMC), еден од двата joint venture партнери на Ford во Кина.

Инаку, Ford Territory, во однос на Yusheng S330 се разликува по поинаквиот преден дел (маската на ладилникот, одбојникот, светлосната група…), потоа по новите тркала, дотераниот заден дел и по изменетата внатрешност со нов преден панел и управувач.

Регуларниот  Territory е задвижуван од турбо – бензински агрегат со работен волумен од 1,5– литри, со моќ од 163 КЅ, додека овој Territory EV има електромотор  (но во овој момент за истиот нема многу податоци), како и автономија на возење со едно полнење на батериите од околу 360 km (по NEDC протоколот).

Дел од опремата е и дигиталната инструмент табла од 10.25-инча, 4G LTE Wi-Fi конекција, адаптивен темпомат, систем што го предупредува возачот за возило во „мртов агол“, систем за оржување на возилото во лентата по која се движи, камера од 360 степени, Hill Start Assist...

Електричниот SUV – Territory EV се одликува и со  Moonlight Blue боја, EV ознаки, црна предна маска посебни тркала, потоа full LED задни светла и внатрешност во две бои.

Продажбата на пазарот во Кина би требало да почне во втората половина на тековната 2019 година (цените се уште не се дефинирани), а тука е и најавата дека Ford во Кина, во наредните три години би требало да лансира повеќе од 30 нови модели  (сите ќе ја носат ознаката на Ford и на  Lincoln), а од истите повеќе од 10 ќе бидат електрични возила.

Иднината на Ford на најголемиот автомобилски пазар во светот веќе започнува...

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре почнува новата сезона на специјалот Grand Toura наречена Seaman!

Aston Martin ќе соработува со  Airbus

Murray Т50 во мај 2020

Ексклузивно: Новата  Mercedes-Benz GLA во чекор со дигиталните трендови

Тркач на струја со 400km/h што со едно полнење на батерии поминува 1000km

Целта на Jeep е  да биде „нај зелениот“ SUV бренд до 2022 година

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km