Нов такси што самостојно вози Baidu Apollo RT6

Кинескиот технолошки гигант Baidu претстави возило кое ќе се приклучи на неговата такси услуга Apollo Go…

Станува збор за нов само-управувачки модел наречен Apollo RT6, кој „има вештини на возач со 20-годишно искуство на пат“.

Според кинеските регулативи, автономните автомобили сепак мора да имаат човечко присуство од безбедносни причини, но како и да е, од Baidu велат дека отстранливиот волан на RT6 еден ден ќе биде заменет со дополнителни седишта, маси, конзоли за игри и што ли уште не.

Секој Apollo RT6 ќе чини нешто повеќе од 36.000 евра, значително помалку од претходните модели.

„Огромното намалување на цената ќе ни овозможи да распоредиме стотици илјади автомобили низ Кина. Зачекоруваме во иднина каде роботските такси ќе бидат половина од цената од денес“, рече основачот и извршен директор на Baidu, Робин Ли.

Baidu сака RT6 да се приклучи на постојната флота во втората половина на претстојната 2023 година за тестирање, со цел да има 100.000 единици на патиштата.

Возилото е опремено со 30 сензори, вклучувајќи осум сензори за детекција на светлина и сензори LiDAR, еден радар со бранови од 6 mm, 12 ултразвучни сензори и 12 камери.

Роботизираните такси, кои се користат во десет кинески градови, вклучувајќи ги Шенжен, Шангај и Пекинг, имаат завршено повеќе од еден милион возења од лансирањето на услугата во 2020 година.

Baidu не е единствената компанија во Кина која користи роботски такси, тука е AutoX поддржан од кинескиот технолошки гигант Alibaba, како и Pony.ai основана од поранешни инженери на Baidu и Google со поддршка на Toyota.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…