Нова Honda BR-V со 7 седишта

Honda на почетокот на мај во Индонезија премиерно го претстави концептниот автомобил наречен N7X (New 7-Seater eXcitement – „Нова е-возбуда со 7 седишта“), но веднаш беше објавено дека серискиот модел ќе пристигне за неколку месеци и нема многу да се разликува од студијата…

Серискиот модел сега е официјално претставен и ја носи веќе добро познатата ознака BR-V („Bold Runabout Vehicle“) како и претходниот crossover што се пласира на пазарите во Азија.

 

Во секој случај, новиот BR-V има препознатливи линии на Honda, како и три реда седишта.

Очекувано, BR-V доаѓа со 1.5-литарски i-VTEC бензинец со моќност од 121 КС и 145 Nm, максимален момент на вртење.

 

Агрегатот доаѓа во комбинација со пет степен систем за пренос на силата, односно со континуиран CVT менувач и погон на предните тркала.

Опремата вклучува и 7,0-инчен екран на мулти – медијалниот систем, 4,2-инчен TFT екран пред возачот, како и системи за помош на возачот.

Како и досега, новиот BR-V нема да се продава во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КIA EV6 на први тест возења

„Фатен во зум“ – новиот Ford Ranger

Volkswagen на ID. Buzz автономно амбулантно возили

Наскоро и Toyota Frontlander

Tesla Model 3 подобар од Audi A4, BMW Series 3 и Mercedes C/CLA во Германија

Stellantis со тизери најави пет концепти за престојната SEMA

Новиот Peugeot 3008 во SUV -coupe стил

Во еден салон на KIA може да купите бројни супер автомобили

Во пламен исчезна камион со 10 Corvette C8