Нова Honda Civic за идната 2021 година!

Производителот на автомобили од Јапонија – Hondа подготвува наследник на сегашниот Civic, што според претходните најави ќе се појави на пазарот есента следната 2021 година…

Што се однесува до изгледот, рендерите за патенти покажуваат ублажување на тековната агресивна насока на дизајнот.

Покрај хечбекот, во гамата ќе бидат вклучени и Civic Sedan (на последните две слики), како и новата генерација на спортскиот Civic Type R (се очекува во текот на 2022 година).

Засега е познато дека новиот Civic Type R ќе биде нешто поголем од сегашниот, и ќе има подолго растојание помеѓу оските, како и подолго преклопување на предниот дел.

Под хаубата на Civica Type R треба да се најде 2,0-литарски турбо бензински мотор, можеби во хибридна верзија со вкупна моќност од околу 400 КС.

Пакетот за Civic Type R ќе вклучува и шест-степен мануелен менувач,aero bodu kit, голем заден спојлер, спортски подесена суспензија, спортски издувен систем, како и рафиниран ентериер со спортски седишта и волан.

На крајот, производството на новиот Civica Type R ќе биде организирано во фабрика во Јапонија, а не во фабриката на Honda0 во Свиндон, Велика Британија, која како последиба на „Брегзит“ ќе се затвори во текот на наредната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на Dacia драматично се менува

Изнервиран од чести дефекти го запали својот Mercedes-AMG GT 63 S 4door

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!