Honda наскоро ќе ја понуди новата, шеста генерација на седан моделот Inspire за пазарот во Кина, која за тамошната лчиентела ќе го произведува компанијата Dongfeng-Honda…
Новиот Inspire има многу заедничко со единаесеттата генерација на Accord достапна на американскиот пазар. Разликите меѓу овие два модели се однесуваат на предниот и задниот дел, во пределот на маската, браниците и задните светла.
Inspire е долг 4979 mm, широк 1862 mm и висок 1449 mm, со меѓуоскино растојание од 2830 mm.
Тоа го прави 9 mm подолг од Accord, додека другите димензии се речиси идентични.
Под хаубата ќе има 1,5-литарски со четири цилиндри, бензински турбо мотор, со моќ од 141 kW/192 КС, што ќе доаѓа во комбинација со CVT менувач на брзини и со погон на предните тркала.