Нова Kia Mohave

Kia Motors кон крајот на март тековната 2019 година на салонот за автомобили во Сеул претстави и концепт наречен Mohave Masterpiece, со која ја најавува новата генерација на својот голем SUV модел Mohave, што на некои пазари се продава и под името Kia Borrego…

Деновиве глобалниот производител на автомобили од Јужна Кореја гои објави и првите фабрички фотографии на моделот 2020 Mohave (Majesty Of Hi-tech Active Vehicle), со најава дека неговата продажба ќе стартува веќе во текот на оваа 2019 година.

Во секој случај, пред нас е голем SUV со нов изглед, впечатлива маска и предни LED светла  во форма на коцки мараз , заден спојлер на крајот на покривот, осветлен MOHAVE натпис одзади , како и големи тркала и издувен систем со четири издувни цевки.

Во кусата вест нема информации за тоа што ќе биде имплементирано под хаубата на возилото, a нема ниту фотографии од внатрешноста.

Сепак, на задниот дел на возилото на фотографиите се гледаат ознаките V6 3.0 и 4WD, што значи дека  (барем една) од понудените опции ќе биде опремена со 3,0-литарски мотор со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква „ V“ и ќе има погон на сите четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508

Аudi со помош на Rimac Automobili подготвува електричен наследник на R8