Нова опција на iPhone и телефонот станува автомобилски!

Компанијата Apple сака да понуди алтернатива за клучевите за автомобили, така што на својата Worldwide Developers годишна конференција ја откри новата опција која им овозможува на луѓето да го отклучат и вклучат автомобилот со помош на паметен телефон….

Компанијата Apple долго време имаше амбиција да направи свој автомобил, но тоа сè уште не се оствари. Сепак, нејзиниот информативно забавен систем CarPlay е достапен во 97 проценти од новите автомобили.

Американската компанија смета дека клучот за автомобили, кој за некои нови автомобили има своја форма, а во некои случаи и свој екран, може дополнително да се подобри. Новата опција на Apple првично ќе биде достапна за BMW  Series 5 (2021), но целта е да ја прошириме и во другите модели.

Емили Шуберт (Emily Schubert) од Apple  покажа како возачот може да ја допре рачката на вратата од автомобилот со iPhone за да ја отклучи. После тоа, iPhone е ставен на местото за полнење, а потоа се притиска копчето за стартување на автомобилот.

Apple се потпира на Near Field Communication технологија, т.е. технологија за комуникација во близина, која овозможува безжичен пренос на податоци на растојание од неколку см.

 

Apple планира транзиција кон различна технологија што ќе овозможи отклучување од поголема далечина, а iPhone би можел да остане во вашиот џеб или торба.

Сопствениците на автомобили на BMW ќе можат да го споделат виртуелниот клуч со пријателите преку iMessage.

Инаку Volvo нуди слична услуга преку паметни телефони.

Секако во Apple работат и на проширување на технологијата на повеќе модели, а поддршката кај тие нови автомобили се очекува веќе од следната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS