Нова соработка на Land Rover и Zenith!

Ексклузивните автомобили некако одат рака под рака со ексклузивните рачни часовници, а тоа е случај и со неодамна претставената нова генерација на Evoque моделот на Land Rover

Со цел да го одбележат лансирањето на најновата изведба на луксузниот компактен теренец, производителот на благородни SUV и теренски возила се здружил со Zenith во проект на заедничко креирање на рален часовник во лимитирана серија.

Наречен Defy Classic Skeleton Range Rover Edition, новиот часовник се одликува со препознатлив и одважен стил на Defy колекцијата, заедно со изобилство на суптилни дизајнерски елементи инспирирани со 2020 Range Rover Evoque моделот.

Новиот Defy часовник претставува трето специјализирано издание настанато како плод на соработката помеѓу Zenith и Land Rover брендовите.

Потсетуваме , соработката стартуваше со Zenith El Primero Range Rover лансирана во 2016 година, потоа следеше Zenith Chronomaster El Primero Range Rover Velar Special Edition, претставана на почетокот на минатата 2017-та година.

Токму како и претходните две специјални изданија, нвиот Zenith Defy Classic Range Rover Special Edition часовник нема ниту една очигледна форма на Range Rover брендирање на лицето на часовникот, туку само едноставна гравура на задниот дел од часовникот, што го индуцира името Range Rover.

Од друга страна, дизајнерските елементи инспирирани од Evoque моделот од новата генерација, заедно со штепот на тапацирунгот на премиум SUV моделот, се претставени со дијамантски мотиви што го красат гумениот ремен на часовникот.

Изработката на куќиштето на рачниот часовник е со мерка од 41 mm во пречник и со 10.75 mm во дебелина, a во истото е направено од ексклузивни материјали – лесен брусен титаниум.

Моделот е задвижуван од Elite Calibre 670 автоматски механизам, штоможе да се виси низ задниот дел креиран од сафирен кристал, заедно со Arctic Petrol Blue тег што осцилира.

Механизмот обезбедува минимална резерва на „сила“ – работна енергија од 48 часа.

Инаку, Zenith Defy Classic Range Rover Edition часовникот е достапен за купување во лимитирана серија од само 200 примероци и тоа поцена од 7.500 американски долари.

Тие што сакаат да возат 2020 Range Rover Evoque а притоа и да имаат рачен часовник Zenith Defy Classic Range Rover Edition треба да побрзат, бидејќи несомнено, ексклузивните часовници бргу ќе бидат распродадени и покрај не малата цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GEV Adventure Truck- за авантури за кои сонувате!

Mclaren со ново доживување на брзина и употреба на мобилен телефон

Aston Martin Valkyrie со V12 атмосферски мотор што се врти на 11.000 в/мин!

Pininfarina PFO доби вистинско име Battista

Jaguar со новогодишни и божикни подароци за вашите миленици!

Како од картон да направите електромобил

Скандал Раиконен пијан се тетеравел на бина на доделувањето на FIA наградите!

Луксембург со бесплатен јавен превоз!

Продукциски Nissan GT-R 50 за 990000 евра