Нова Toyota Mirai пристигнува во декември

Во октомври, минатата година Toyota пред јавноста ја претстави идејната верзија на новата генерација на моделот Mirai, со водородни горивни ќелии, додека сериската варијанта својата премиера ќе ја има во декември оваа 2020  година…

Досега, Mirai е продаден во околу 10.000 примероци во период од 2015 година, кога е лансирана, од кои повеќе од 6.000 на  пазарот во САД.

Покрај попривлечниот изглед, новиот Mirai ја има и платформата Toyota New Global Architecture (TNGA), како и погон на задните тркала, попространа внатрешност за пет патници, подолга автономија (околу 650 км) и поголема моќност.

Димензиите се познати и тие велат дека новиот Mirai е долг 4975 mm, широк 1885 mm, висок 1470 mm и располага со растојание помеѓу оските од 2920 mm. Ова значи дека новиот модел е подолг, поширок и малку понизок од неговиот претходник.

Тука исто така треба да се наведе и податокот дека тркалата се со големина од 20 инчи.

Внатре имаме црна кожа, дигитални инструменти, 12,3-инчен екран на допир, предни седишта со греење и ладење, аудио систем со 14 звучници …

Новиот Mirai исто така ќе биде поскап во споредба со стариот модел, а ќе се произведува во Јапонија (капацитетите на фабриката се до 30 000 примероци годишно).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа

Илон Маск и електрични автобуси на избришани „твитови“