Нова Toyota MR 2 уште еден адут на јапонската марка

Позната по производството на квалитетни автомобили, Toyota jго постави грдата прилично високо за 2024 година со идниот спортист MR2.

Оригиналната Toyota MR2 беше лансирана во 1984 година, а набргу потоа доби бројни признанија. По шест години на сцената се појави втората генерација (1990), која и до ден денес е посакуван автомобил. Веројатно се прашувате што всушност значи ознаката „MR2“?

Станува збор за автомобил со средно поставен мотор (M), со погон на задните тркала (R) со две седишта, што значи дека ова возило е дизајнирано за превоз на две лица и тоа во висок стил. Добрата вест е што можеме да очекуваме нов модел, кој ќе комбинира V6 мотор и модерен електромотор, комбинација во која Toyota е непобедлива.

Влегувањето во кабината носи средба со исклучително квалитетен ентериер кој донекаде потсетува на GT86. Спортскиот волан со три краци обложен со кожа има мали аналогни мерачи на врвот, што изгледа крајно футуристички, исто како и седиштата покриени со велур. Впечатливите црвени шевови се протегаат по централната конзола и праговите на вратите.

За спортски двосед, идниот MR2 нуди многу простор. Спецификациите за инфозабавниот екран и системот за помош на возачот сè уште не се достапни.

Новата Toyota MR2 за 2024 година најверојатно ќе пристигне на пазарот со некоја верзија на хибридниот погон, што е област во која оваа јапонска марка е ненадмината.

Како многу веројатна опција се наметнува мотор со четири цилиндри со внатрешно согорување со работен волумен од 2,5 литри со 16 вентили, во комбинација со електромотор, а се претпоставува дека се работи за моќност од 300 до 350 коњи. Се шпекулира и за V6 варијанта, која би испорачувала околу 400 КС. Нема сомнение дека атрактивен дизајн и многу моќ ќе бидат добитна комбинација кога станува збор за успехот на пазарот.

Се разбира, Toyota MR2 нема да биде евтин автомобил, но ќе биде далеку од недостапен за купувачите на Запад, со цена која најверојатно ќе започне од околу педесет илјади долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични