Нова Toyota Supra дебитира за три дена

До промоцијата на новата  Toyotа Suprа има уште само три дена (14ти јануари на салонот за автомобили во Детроит), а до тогаш ние имаме ново видео што во целост го открива изгледот на наследникот на јапонската спортска икона на четири тркала

И претходно Toyota и офизијалн потврди дека долго најавуваната нова генерација на Suprа ќе биде промовирана на претстојниот NAIAS саем на автомобили во Детроит, а сега, покрај фотките што неофицијално „протекоа“ ни пристига и видео.

 

Веќе е познато дека новата  Supra e развиена во соработка со BMW, а ќе се произведува во фабриката на Magna во Австрија.

Потсетуваме Јапонците името Supra го користеле од 1978, до 2002 година, а  Toyota, во март минатата 2018 годија, на салонот за автомобили во Женева ја претстави тркачката GR Supra Racing Concept (GR – Gazoo Racing), a потоа на фестивалот на брзината во Goodwood го покажа и маскираниот прототип на автомобилот.

Како и да е новата Supra се најавува како компактен и брз модел, со идеална прераспределба на маса 50:50, ниско тежиште и Brembo сопирачки и притоа се е проследено со лозунгот „Легендата се враќа.“

Се знае и дека моторот ќе биде поставен напред  ќе има шест цилиндри поставени во линија (реден), најверојатно турбо агрегатот на BMW со 250 kW/340KS и 500 Nm, а погонот, као кај вистински спортист е на тркалата од задната оска.

За почеток е предвиден само автоматски менувач со осум степени на пренос на силата, a некои специјализирани медиуми велат дека новата Supra ќе има стандардно и дигитална инструмент табла и head-up дисплеј.

Според се уште не потврдени информации новата Supra од 0 до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди, како и дека се планира основна верзија со агрегат со работен волумен 2,0 литир, со четири цилиндри со 185 kW/252KS како и уште помоќна и набилдана варијанат Supra GRMN.

И на крај димензиите: должина од 4380 mm, широчина од 1855 mm и висина од 1290 mm, додека пак растојанието помеѓу оските се протега на од 2470 mm.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

FCA отвора нов Alfa Romeo, Fiat и Lancia “Heritage” музеј

Новиот McLaren – Grand Tourer во пред производна фаза!?

Volvo и Премиум АГС во офанзива на домашна сцена

Ford Kuga III треба да пристигне за неколку дена

Најавен Aston Martin DBS GT Zagato

Škoda Kamiq RS со 240 КЅ- мал SUV со тркачки гени!

Ford гради нови постројки за автономни возила

Škoda до 2023 најави над 30 нови модели