Нова Triumph Rocket III линија

Мотоциклот Triumph Rocket III многу се издвојувал од останатите креации на две тркала на пазарот, пред се со својот агрегат со три цилиндра, со работен волумен од 2.294 кубни сантиметри, најголем помеќу сериски произведуваните машини…

Британците сега сакаат таа лудост да ја кренат на повисоко рамниште со модели што исто така ќе го понесат со себе името Rocket.

Станува збор за мотоциклите Triumph Rocket 3 R и Triumph Rocket 3 GT, што доаѓаат со погонски единици со три цилиндри со работна зафатнина од  2.500 кубни сантиметри.

Тој агрегат располага со моќност од 165 KS и 222 Nm максимален вртежен момент.

Споредбено, тоа  за 11% повеќе сила, проследено со околу 40 kg помала тежина и неколку стилски промени.

Како што велат од Хинкли, Rocket 3 R ќе биде „помеѓен roudster“, додека пак, Rocket 3 GT повеќе ќе биде модел  „ со став на крузерри со фокус на tour

 

И двата мотоцикла имаат LED фар, нови фелни од алуминиум и 240-mm гуми назад.

Тука се и новите Brembo Stylema клешти на сопирачките, Showa потпирање, TFT инструмент табла, ABS и контрола на пролизнувањето со инерцијална мерна единица (IMU).

Покрај тоа GT модел има и темпомат, палење без клуч, како греачи на рачките.

Моделите на пазарот пристигнуваат во јануари наредната 2020 година, а кога станува збор за цената, таа би требало да биде позната веќе во текот на есенва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati Streetfighter V4 со повеќе од 200 КЅ

Иднината на урбаниот превоз Karmic Oslo

PGM V8 спортски мотоцикл со V8 мотор и 334 КЅ

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!

MV Agusta Dragster 800 RR America