По тизер кампањата, познатиот производител на мотоцикли од Апенинскиот полуостров – Ducati, во соработка со Lamborghini, ја претстави уникатната креација на две тркала, Diavel 1260…
Ducati Diavel 1260 Lamborghini е првиот мотоцикл роден од соработката меѓу Ducati и Lamborghini, ќе биде понуден во ограничена серија, а инспириран е од Sian FKP 37 суперавтомобилот кој беше претставен во 2019 година.
Со својот изглед кој е далеку поагресивен во однос на стандардниот Diavel 1260, опремен е со карбонски отвори за воздух и прекривки за радијаторот, а во исти стил, изработени од карбон се и штитници за кал, како и централна прекривка за резервоарот. Карбонот како материјал исто така е искористен и за спојлерот, прекривката за придушувачот и рамката за предниот фар.
Покрај широката употреба на карбонски влакна, мотоциклот ја користи и истата шема на боја како и Sian FKP 37. Како резултат на тоа, моделот има Gea Green тело, кое се совпаѓа со Electrum Gold рамката.
Тука се и 17-инчните тркала и „63“ акцентите, кои оддаваат почит на основањето на Lamborghini во 1963.
Според директорот на Ducati Centro Stile, Андреа Ферарези, „Diavel 1260 Lamborghini е дизајниран користејќи го истиот дизајнерски јазик со кој се истакнува супер спортскиот автомобил, па ги ре дизајниравме елементите кои најмногу го карактеризираат Diavel“.
Како што може да се очекува, мотоциклот е базиран на Diavel 1260 S опремен е со 1,3-литарски мотор со 162 КС и 129 Nm максимален вртежен момент.
Моделот исто така има и целосно подесувачки Öhlins систем на потпирање и Brembo сопирачки систем, а тука е и 3,5-инчниот дигитален инструмент кластер, Quick Shift систем и мултимедија систем кој го конектира телефонот со мотоциклот.
Атрактивниот Diavel 1260 Lamborghini ќе биде достапен набргу, поточно, веќе наредниот месец – во декември, а производството ќе биде ограничено на 630 единици.
Навистина се среќници тие штро ќе успеат да се доберат до оваа прекрасна креација.